ги (зам.) - претури (гл.)

Се разбира дека целото макло не беше полно со коски, па ни со тагарџици, та Сиве накоси трева за пет товари, а најде само еден тагарџик со пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сивевица се израдува, и се исплаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне во торбата и да ја открие работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, една сабота, кога некои од затворниците ги повикаа на видување, тој стана, им ги претури торбите и пљачките и им ги извади сите работи што имаа за јадење и им ги изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оди пред мене...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Врви, врви жено - ѝ подвикна Кузе - а затоа што сакаш да ме поткупиш, тешко тебе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сливите ги претури во џебот од скутникот, а собраните зрна во козиненото торбиче што го позајми од Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- До стрништето? А што си барала таму, те прашувам јас тебе?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој навреме отиде во Скопје и заедно со стрика Бориза ја наредија работата Томе да биде чувар на кутиите, и така, вечерта, по гласањето, тој ми ги претури сите кутии во кутијата на тој Мича и така тој доби со најмногу гласови.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)