ги (зам.) - прескокнува (гл.)

Не пукнала уште како што треба пролетта, а јас шетам бос: коњот под мене и ете ме в ливада: сите грмушки и ѕитчиња ги прескокнувам собирајќи полжави.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дупките, барите, бездните...ги прескокнуваше во црната, припиена роба, нималку стеснета, без страв од епидемија, пад, студена војна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Други балкански интелектуалци, најдени пред бедемите на Европа, или не успевале да ги прескокнат, па се враќале на време во родните краишта, другите кои ги прескокнувале, останувале во новата средина, на крајот се претопувале како дел од париската протоплазма.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога и таа ја здогледа Рада, речиси ги прескокнуваше столовите за да стигне до неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како ги прескокнува вадите што се слеваа од сите страни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)