ги (зам.) - пререди (гл.)

И во ателјето, заедно со сликите што ги беше оставил таму, почна да ги реди и платната што ги донесе, да ги реди и да ги прередува по сите ѕидови на ателјето, замислувајќи си го концептот по кој ќе бидат поставени на планираната голема изложба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се доближи до своето биро и онака од простум почна да ги прередува хартиите, книгите, впивачот, мастилницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во почетокот на оваа учебна година учителот веројатно насети нешто и ни наредни повторно да ги прередиме клупите и да се разместиме меѓу себе: - Не сакам да чујам за тие ваши поделби: горномаалци, долномаалци, - рече намуртен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А утредента, уште со петлите, стариот железничар го одлепуваше стоплениот грб од постелата и се качуваше на покривот да ги пререди ќерамидите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Немоќен е”, си рече, „го скршиле со прогонот онаму”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во ноќ токму каква што е оваа Нечија мајка крај прозорец седната осамена, тажна, остарена, сведната мрмори нешто, тажно си реди кој да разбере, што ли навестува? светулка една во ќошот се вгнездува без да сети дека пајакот будно следи (А што ли ќе сменеше да знаеше?) Дал може настаните со ред да ги пререди?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)