ги (зам.) - препрочитува (гл.)

Седнат сам до масичката со машината за пишување, сред бледата светлина од лампата со слаб напон, ги препрочитував редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Шармот на невидливото ќе го опседне и тука навистина ќе наликува на тебе;  ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата ќе разговара со современиците, преживеаните ќе ги препрочитува нивните мемоари и дневници ќе гази по рабовите ќе се загледува де на лево - де на десно одржувајќи рамнотежа за да стигне до крајот  со непрестан зазор да не би да падне некаде на полпат како тебе. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И додека ги прелистувам и ги препрочитувам, постојано ми се врти мислата во кој литературен вид да ги преточам: во роман, патопис, репортажа, мемоари?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)