ги (зам.) - премости (гл.)

Црквата, од којашто останал уште само еден полупрстен од куполата, колку за да ги премостува урнатините зарастени во трње, капини, глогови и диви рози, но чиј под, поплочен, порано беше редовно чист, е свето место.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На дното од морето да ја закопаат, ќе исплови, вистината има моќ, ќе ги премости сите бранови диви и ќе ја надвиши лагата бедна.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
238 Како дел од операцијата „Хелиум“ единиците на НОВ и ПО на Македонија требало да „направат што повеќе препреки на патот така што непријателот потешко би можел да ги премости.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Интернет им овозможува на луѓето од различни култури да ги премостат сите културни и административни пречки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Поради тоа, Translation Studies е дисциплина која истражувајќи во новата област ги премостува големите јазови помеѓу огромните подрачја на стилистиката, литературната историја, лингвистиката, семиотиката и естетиката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тагата и болката не можеме да ги премостиме тие си најдоа вечност во нашите души.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А сепак, она најсилното, она највпечатливото, она што докрај го растрепери детското срце, остана да трае, да ги премостува сите порои на времето што нанесуваат заборав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На тоа сме присилени, како што биле нашите предци присилени да застанат на две нозе, бидејќи настапувачката еколошка катастрофа ги присилила некако да ги премостат празните простори меѓу ретките преостанати дрвја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го дрпнал од филм – поточно, од филмската верзија на еден бродвејски мјузикл за Американската револуција, 1776.324 ‌Даглас Кримп, кој го раскажува настанов и ја дава подлогата што ја резимирав, тоа го прави додека страсно и силно се залага за темелење на напредната политика не врз идентитетот, туку врз идентификацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Моделот на Кримп за идентификациска, коалициски заснована настрана политика – политика што може да ги премости раседите меѓу родот, расата, сталежот, сексуалноста и другите општествени разлики – е резимиран во самиот наслов на неговиот оглед: „Toa, женска!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со таквата нагласка, тврди, ќе може да се избегне предизвикувањето на оној вид недоразбирања и напнатости кои доведоа до политички судири меѓу разните групи погодени од ХИВ/сида во САД на почетокот од 1990-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ Ова мелодраматично бодрење не искажува толку визија за солидарност меѓу геј-мажите и нивните лезбејски и феминистички сојузнички колку што упатува на облик на камп-солидарност меѓу самите геј-мажи, облик на солидарност што може да ги признае – и да ги мобилизира политичките енергии на – женствените идентификации на геј-мажите, вклучително и на женствените идентификации на филмските кралици и обожавателите на Џуди Гарланд, каков што бил Вито Русо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На тоа сме присилени, како што нашите претци беа присилени да застанат на две нозе, бидејќи настапувачката еколошка катастрофа ги присили некако да ги премостат празните простори меѓу преостанатите стебла.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но Кауфман е убеден дека подобрите модели и дополнителните експерименти ќе поткрепат едно ново гледиште за еволуцијата кое ги премостува живите и неживите системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)