ги (зам.) - премерува (гл.)

Имено, дедо Иван, подозрителен до сржта на коските, долго и сомнително ги премеруваше, се колебаше дали да ги прими и нема ли со тоа, заради извесна парична полза, да си навлече само поголема беда, од која после тешко ќе биде да се откачува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Додека ги премерувате Границите на празнината Што ве соочуваат со Јаството Со планината што постои за вас Од другата страна, потпрен на бастун со левата, Ви мавта со десната рака Мирослав Холуб.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Неколку денови едноподруго зачудените вишеградци го гледаа градителот, наведнат и побелен, но црвен и младолик во лицето, како го обиколува големиот камен мост, го дроби, меѓу прстите го крши и со јазикот го испробува малтерот и составките, и како со чекори ги премерува окната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)