ги (зам.) - прекршува (гл.)

Ти сакаш да се забавуваш, „тие“, што значи Партијата, сакаат да те спречат во тоа; ти ги прекршуваш правилата колку што можеш подобро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
5.  Вознемирување, во смисла на ЗРО, е секое несакано однесување кое ги прекршува т.н. „забрани за дискриминација“, а кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, и кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување (чл. 9, ст. 2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ме пуштија, а тој го отвори пликот, досието мое и почна да тревливи, да ги прекршува веѓите и да му се поткинуваат зборовите: марш, марш, марш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако се придржуваш кон малите правила, можеш да ги прекршуваш големите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додатоците на платата, пак, се определуваат за посебните услови при работа, коишто произлегуваат од распоредот на работното време – и тоа за: работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство согласно закон, продолжена работа, 222 работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж (чл. 106, ст.3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Водоскокот ја распрскуваше водата во вистински воден прав, низ кој сонцето ги прекршуваше своите зраци во сите бои на виножито.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не постојат правила. Ги материјализираме единствено кога ги прекршуваме.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)