ги (зам.) - прекинува (гл.)

Чекајте, ги прекинува Отец Симеон. Треба случајот да се прецени од иследнички аспект. Како почна сето тоа?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
САВЕТКА: (ѝ ги прекинува мислите). Антице ќерко, ајде врши ја таа работа, пак земи прави нешто друго.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа имаше обичај да ги прекинува речениците на половина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Реката дотечува и им ги прекинува игрите. Реката ги пресечува нивните разговори.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
(Имаше и такви крикови: ти се чини дека ја расцепуваат темнината и придонесуваат да си замислиш некоја чудна звучна светлина).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Јас ќе бидам како чичко Симо! - ми ги прекинува мислите Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И по многуте години од нејзината најсреќна ноќ, таа беше спремна да раскажува само за онаа убава починка во гостилницата кај Бањи, каде што гостилничарот им варел јајца во водата на врелиот извор на бањата а се разбира ќе спомнеше и понекое доживување или необична поединост од тоа долго патување низ ноќта кога размислувањата за среќата повремено ѝ ги прекинувал коњот со гласното фучење, а ќе го спомнеше патем и одговорот на птиците содржан во нивните исплашени крикови што ќе уследеле веројатно поттикнати од фучењето на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)