ги (зам.) - прекине (гл.)

Сојузниците ги прекинале преговорите и непријателствата биле обновени на 23 јануари 1913 Борби се воделе околу опседнатите градови Скадар и Едрене.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По ова ги прекинал односите со Србија, а се придружил на коалицијата на балканските сили, Латинското Кралство, Бугарија и Епирското деспотство. Стрез умрел во 1214.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 23 април 1913 се предала посадата на Скадар и непријателствата биле прекинати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Автобусот и ги прекинува мислите, ги остава зад себе евтините зборови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Извини, ти ги прекинав мислите. Но сакав да те прашам да испратам ли по Елена? - Мислиш на твоето девојче, а?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак, се оптоварив со толку многу варијанти, што веќе стравувам дека прикаската не ќе ја довршам зашто почнува да ме фаќа тешка дремка што ми ги прекинува мислите, ме прави да заборавам што беше тоа што го мислев а не го довршив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По извесна пауза, Џон и Ен започнаа нова рунда на обвинувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повторно морав да ги прекинам, објаснувајќи им дека разбирам како се чувствуваат во врската и дека понатамошни демонстрации за тоа нема да бидат неоп­ходни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По некое време, јас ги прекинав, им се заблагодарив на двајцата што беа толку отворени во врска со своите проблеми и што толку јасно ми демонстрираа како стојат работите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На почетокот на првата средба, тие започнаа со силна расправија, секој презентирајќи различни ставови и контра­ставови; само повремено фрлаа кратки ­погледи кон мене.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Што тоа? ги прекина Андон. - Кој умрел и потоа пак оживеал?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Но тоа не можам да ти го опишам. Тоа треба да го видиш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги прекинав со една банална констатација: „Значи навистина е толку убаво како што сите кажуваат.“ „Навистина,“ рече Мина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Напукнатите филџани врз измрсениот чаршав се вклопуваат во преживеаниот амбиент на кафеаната „Пирин“, и скоро сум задоволен кога Теодора остро ги прекинува моите присеќавања за старото маало: - Имам помала сестра.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мислите на Арсо му ги прекина силниот глас на Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓутоа, се случи, токму на денот на закопот да станам полнолетен, значи да стекнам право да го преземам наследството од десет илјади марки и веднаш ги прекинав штотуку почнатите студии за да им се посветам на други планови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше бесмислено тоа што се обидов да станам музичар, дури и да компонирам, немам никаква дарба за тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Накратко, од родителите се очекуваше да им наредат на соучениците да ги прекинат приврзаностите кон мене.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Новиот претседател на Советот Бенјамин Нетанјаху ќе гласа против договорите од Осло во Кнесетот, со поддршката на доселениците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За пријателите има секогаш време. И разбирање. Си помислив утешно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дилемите ги прекина шефот на протоколот: - Господине, ќе ве прими заменик-директорот на политичката дирекција за да ја предадете пораката...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нетанјаху не ги прекинува преговорите, но тие замрзнуваат и упорно го сопира нивниот тек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги прекинавме врските меѓу детето и родителот и меѓу човекот и човекот и меѓу мажот и жената.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие потенцирале дека „меѓу српските и македонско-словенските ‘партизани’ и бугарските левичари во 1943 год., се чини, имаше повеќе одушевеност за една социјална револуција отколку за националните држави“, а истото го заклучиле и за Грција и Албанија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Преку печатот се барало Британците да ги прекинат преземените акции, а САД да посредуваат во настанатата криза меѓу противничките страни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој контекст тие истакнале дека за разлика од "традиционалните интереси" што ги имале балканските држави, на Балканот се "развија, особено од 1941., во и околу Македонија силни револуционерни тенденции кои, се чини, ги прекинаа историските граници и националните антагонизми на Балканските Словени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се барало и формирање на американско-британска комисија, која би имала задача да обезбеди непристрасно регулирање на ситуацијата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Реката дотечува и им ги прекинува игрите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)