ги (зам.) - презре (гл.)

Се роди меѓу робје и тирани и ги презре и робјето и тираните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа веднаш би го навело да ги презре сите вообичаени ќошиња за криење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И уште повеќе ги презреа и ги замразија Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стрејтерската хипстерска култура, всушност, вирее благодарение на „вештачкото присвојување на разни стилови од разни ери“, според еден презирен напис за хипстерите од насловната страница на хипстерското списание Едбастерс; обожава да си игра со „симболи и икони“ на маргинализираните или угнетените групи, откако тие симболи и икони „ќе ги присвои хипстерајот и откако ќе им го исцеди сето значење“.413 Во еден друг, сега веќе прочуен напад на хипстерите, Кристијан Лоренцен оди уште подалеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ладлам не поживеа доволно долго за да ги запознае и да ги презре хипстерите, но веќе се имал сретнато со нешто што го нарекол „хетеросексуален камп“, кој не го почитувал многу: „Нешто стварно ужасно е хетеросексуалниот камп, она некакво намигнување што ти вели ‘не мислам баш сериозно“.415 Наспроти тоа, пак, оној вид иронија што го дефинира машкиот геј-камп не искажува дистанцираност и одрекување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Арсо немаше сили да ги презре своите деветнаесет години за да помогне со своето жртвување да се најде смислата на вистинската среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Под превезот на ‘иронијата’“, приговара, „хипстеризмот го фетишизира автентичното и го изблувува со намиглива неавтентичност“.414 На Лоренцен му претходеше настраниот драмски писател Чарлс Ладлам, основач и директор на Урнебесната театарска дружина во Њујорк.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што видовме, сосема е усогласено со страста, со болката и со верувањето.416 Иако навиката на хипстерството да цитира иронично – фетишизирајќи го автентичното и повраќајќи го со намиглива неавтентичност, како што тоа го срочил Лоренцен – сигурно личи на камп и иако спотот на СЈ се впушта во поткултурна практика што, може да се тврди, му е аналогна на кампот, всушност, меѓу едното и другото може да се разграничи јасна црта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)