ги (зам.) - презира (гл.)

И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
`Рѓата на Милоша Милоевиќа нема да го извалка името на честитиот српски народ, а постапките на нашите цариградски чиновници нема да го обесчестат името на бугарскиот народ кој ги презира нивните совети и нема ништо заеничко со нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напротив, стануваа некој вид недопирливи, светии.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, не можев да ги симнам, потсвесно сакав да се измачувам, да гледам во тие неподвижни опскурни референци на некогаш среќни лица и да повторувам колку длабоко ги презирам тие очи и тие усни кои љубовта ја претворија во болка, или уште полошо во рамнодушност, како никогаш и да не било.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој збор значи исто така љубопитност, еден од најсилните пориви на сите маниристи, кои ги презираат класичните мудреци, ја фалат adiaphora-та, сето она што нѐ воздигнува и вџашува и што не ја забранува љубопитноста; со еден збор - модерното. Bracelli Margina #26-28 [1995] | okno.mk 183 okno.mk | Margina #26-28 [1995] 184 Margina #26-28 [1995] | okno.mk 185 СЛИКИ-МАШИНИ Инструменти на крајната неприродност Дека машината е некаков тип на човекова протеза, дека од таа човекова способност за произведување на машини-протези не мораат да настанат само чудесии (meravi- glia) или резултати на некаква разонода, туку настанува еден “нов”, самостоен свет на машини, “вештачки” свет на техниката меѓу човекот и природата, се насетувало уште во 16-иот век, наспроти “магичните” фантазии.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Поимот манија му соодветствува на она што Џордано Бруно го нарекувал furore: вистинскиот поет ги презира правилата, тој е “инспириран” како Хомер, сѐ пронаоѓа во себеси.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ги презирам. Ми иде да ги шутнам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Без кочници. На кочија со диви коњи. Појма немам каде одат пријателе. Ама убаво е.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ама, тој, всушност, ги презираше тие луѓе токму во оние нешта во кои личеше на нив!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не припаѓаше ни овде, оти му беше тешко да го разбере дијалектот што го зборуваа другите, или да се смее на нивните шеги, кои за него беа вулгарни и глупави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не припаѓаше повеќе долу во градот кај што преку ноќ почна да се плаши од своите пријатели-Македонци, да ги презира и да ги избегнува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога оние што ги затвораше му зборуваа за Исус, го мразеше и ги презираше што следат човек кој ги учи дека треба да им се спротивстават на учителите, да бидат непослушни кон рабините и да се бунтуваат по синагогите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му се чинеше дека поради таа горчина и презир, и тој, Савле, уште од самото свое обрежување започна да ги презира сите околу себе, а себеси секогаш да се смета за нешто повеќе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, додека тие се учеа да ме мразат, јас се научив да ги презирам. ,Ирфане Пољубулгаре".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бидејќи групата е хиерархиски организирана (според војничкиот модел), секој од пониските водачи ги презира своите потчинети, како што и секој од потчинетиве ги презира оние нему потчинети.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Можат геј-мажите да си тврдат дека сакаат да гледаат прикази за самите нив и за своите животи, но ним честопати знаат да не им се допаѓаат приказите за геј-мажите што ги создале геј-мажи или, пак, не успева да им потрае таа заинтересираност за нив. ‌И може да им се разбере неполетноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Намерата не ми беше да ја багателизирам постоунволската геј-култура, туку да ги крепам облиците на општествен отпор против хетеронормативноста кои ги претставуваше и кои и понатаму ги претставува голем дел од претстоунволската култура, а истовремено да ги истражувам причините поради кои официјалната, паланечка, идентитетски заснована и виножитно забарјачена геј-култура што ја замени, изгледа, на онолку многу геј-мажи им е крајно незадоволителна и фалична.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите се мошне критични, ако не и презирни, кон своите уметници, писатели, филмотворци, исто како што си ги презираат и политичките вождови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа незадоволство е стварно, а понекогаш политичкиот приговор кој штотуку го артикулирав само служи како алиби за геј-хомофобија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакав да го откријам изворот на многуто геј-незадоволство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа и му се допаѓа ова вечно засолниште на интимата, бункерот на телесното задоволството, исполнет со свила и брокат, витрини од секаков вид и скапоцени украси во нив, сите одземени од угледните еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мертен кој исто така ги сака богатствата, ги презира тие методи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој за миг молкнуваше, чекаше некој друг да земе збор, а потоа пак започнуваше со своите непристојности.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа му велеше дека начинот на кој се изразува не покажува дека е слободен, туку дека ги презира жените, дека им се потсмева и ги понижува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)