ги (зам.) - предочи (гл.)

Нему среќата од тој денешен ден ништо не му значеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гарванов бил задолжен да им ги предочи на гемиџиите следниве аргументи: востанието што требало да се дигне ќе пропадне ако на чело на востаниците не застане интелигенцијата како раководител.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Настојуваше да ѝ ги предочи клучните слики од градот што го беше видел.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Веднаш по првата недела од вселувањето во домот на Томо и ги предочи правилата на однесувањето и нејзиното место во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислам дека во нашата единствена заедничка ноќ сфатив дека тој ги носи во себе разочарувањата што само иднината може да ни ги предочи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)