ги (зам.) - предизвикува (гл.)

Долго време двајцата пријатели беа обземени од размислата и асоцијациите кои ги предизвикуваше кабалата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лекарот им објасни дека агресивните напади на Ана ги предизвикува црвената боја. Во очите на Ана таа асоцираше крв.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И колку несреќите да се од бога, толку и самите ги предизвикуваме...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ми беше јасно дека анонимен режисер далеку одовде ги предизвикуваше моите емоции и мисли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На чуден начин ги предизвикуваше мојата повлеченост што тие ја доживуваа како игнорирање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поважните настани ги предизвикуваа сивите жители да ги излекуваат главите од своите корупки во кои се таеја како плашливи желки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
9 Старделов исто така упатува кон таа споредба: „Кон тоа некои подопирливи асоцијации што неговага проза ги предизвикува како облесок на прозата за една друга идентична револуција (Бабел, Пилњак, Всеволд 9 М.Друговац, ибид. стр. 93. Иванов) тоа сознание уште повеќе го задлабочуваат.“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Козите на Чанга како да си го знаеја редот, па сега ова негово непредвидено истрчување и запирање пред непознатата коза не ги предизвикуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„А кој знае, можеби Иван Степанович самиот ѝ покажал со прст на него. На мој Ролан“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да била барем толку умна па да побарала некој рамен во убавината на маж ѝ, ќе се ослободила и себеси а и својот пород од несреќите што ги предизвикува непромисленоста“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секако, и јас би можел да бидам тој услужлив размрсувач на збрканостите што ги предизвикуваат непредвидливите игри на случајноста!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оѕвиваше како борија. Неговиот глас ги поведуваше, ги предизвикуваше и другите кучиња да лаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)