ги (зам.) - прегледа (гл.)

Помина еден со чанта на рамо, им ги прегледа билетите, a по тричетири станици викна: „Усќуб — (Ќим дар Усќуб ичин хаз'р олс'н енс') Скопје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ги земеме новините од времето на публикувањето на февруарските реформи до и по објавувањето на востанието во Битолско на 20 јули9 и ги прегледаме во нив телеграмите од Стамбул, тогаш ќе видиме оти Портата10 постојано им претставува на рускиот и на австро-унгарскиот амбасадор списоци од битките на турскиот аскер со четите, списоци од најдено оружје при претресите кај населението, списоци од убиства извршени од четите над мирното население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бројот на болните е зголемен. Лекар не дојде да ги прегледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Винстон ги прегледа четирите парчиња хартија што ги беше одвиткал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека спиеше, ги прегледав твоите работи, земајќи сѐ што не се согласуваше со твојот нов идентитет кој ти го купив во Берлин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бев нестрплив да ги прегледам хартиите, но сепак, заради повнимателно прелистување, се качив горе во собата и седнав на масата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Утредента, кога ги прегледа домашните во неговата тетратка, таа прочита: „Немам татко. Не го паметам“. И - ништо друго.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Другиот ден не им ги прегледа тетратките, туку рече: - Ајде, Иле, прочитај ја својата домашна!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На Десеттиот конгрес во јули 1902 година му било одговорено на Сарафов дека сметките ги прегледал Цончевиот комитет и нашол кусок од 6.000 лева.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стево Андреевиќ ги прегледа деловодните книги?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ни дадоа леб и вода, и нѐ застанаа во ред да ни ги прегледаат документите, да ни ги запишат имињата, годините на раѓање, каде сме живееле, и да определат каде ќе нѐ сместат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Роза, Марие, Паулина и мене нѐ ставија во група од дваесетина жени на наша возраст, и такви грбави, расклатени во одот, со бастуми во рацете, со погледи кои се обидуваа да наѕрат нешто повеќе во просторот, нешто подалеку од неколку педи околу себе, нѐ поведоа до блиските бараки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги прегледува сите и откако ќе се увери дека се полни, задоволно го затвора креденецот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Се разбира, не; но направивме нешто подобро и ги прегледавме спојките од секој стол во куќата, а со помош на најмоќниот микроскоп и секое составно парче од целокупниот мебел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)