ги (зам.) - праша (гл.)

Кога сретнаа едни луѓе, ги прашаа каде се забрзале?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јосиф по малку љубопитен, по малку наивно зачуден ги праша што тие две дами бараат толку рано во денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој готвеше, тој сервираше, тој налеваше вино, тој наплатуваше и сето тоа го правеше многу успешно и дури наоѓаше време да се најде до масата на своите гости за да ги праша како им се допаѓа јадењето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Делчевците, и без да ги прашам, разврзаа за својот живот. Прикажуваа долго и широко.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Како му оди на Петрета трговијата?“ - ги прашаа тие жените. „Сполај богу, сполај богу“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако сакаш ти паши, господари, султани, имаш тамо долу безброј, ама јас знам, дека и ти, како нас, и мразиш ниј, затоа дојде — заврши Толе и ги праша сите четворица каде да се истават ноќеска за да не ги намириса потерата утре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, сега, браќа, каде да ваќаме? — ги праша Толе другарите над село во гумната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се позамисли и ги праша другарите. — Двесте лири — рече Андон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо да правиме, бре брату, кога силата му е во рацете? — одговараа сиромаси кога некој ги прашаше од селаните зошто легнуваат сами.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така е — одговори Толе — и јас су на тој ниет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ги забележа некако целите нададени кон него, спокојно ги праша: - Ви требам нешто!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Би ги прашал авторите на тие психолошки лајненици како може еден жител на Конго да има позитивни мисли и дали ако мисли позитивно би му паднало прасечко од небо на маса?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- ги праша жените, колку за демагогија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ги забележа некако целите наддадени кон него, спокојно ги праша: "Ви требав нешто?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Собраните пари божем за ѕидање црква, рече, Симиќ ги собирал за себе; тој подмолно лаже кога вели дека тие пари за да се умножат со мамеле им ги позајмувал на беговите; луѓето се живи и не се преку море, како јас што ги прашав може и секој друг да ги праша, па сам ќе се увери дека не зеле ниту еден грош од Симиќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што мислите, момчета, ги прашал со солзи во очите, ќе ги испадиме ли враговите од нашата мила родина?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му се молиме на бога што побргу да се случи тоа. Само му се молите на бога, се обиде да ги праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Што му е на детенцево - ги праша таа своите другарки. - Не знаеме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Келнерката дојде да ги праша дали сакаат десерт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За сето тоа време таа стоеше понастрана од нив и сега ги праша, „Може ли да дојдам поблиску?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се обидува да напише писма до Фјодоровиот пријател писател и Фјодоровиот пријател доктор за да ги праша дали знаат нешто за оваа болест на лебдеење за која тешко се осмелува да го испише зборот “болест” но сепак го испишува - повеќе од страв отколку од потреба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот пријател сликар го врзува со долга врвка околу стомакот за да може од време на време да го симне од таванот и да го нарани со каша од банани која ја спрема три пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Влегоа во бараката оставајќи зад себе купчиња песок и кога Капучи ги праша што се случува покажаа со прст, истовремено и прецизно, како кабаретски тим.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Чекај, нив да ги прашаме како да ја најдеме таа Руга Анастас Дурсаку.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едно од децата покажа на куќарката зад чии прозорци, наместо завеси, беа спружени алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер ги праша дали можеби знаат во која од куќичките живее жена по име Гертруда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зар не е јасно како бел ден оти претставници од нас нема да има, оти ќе ги решаваат нашите судбини без да нѐ прашаат нас што бараме ние, а затоа ќе ги прашаат нашите непријатели што имаат свои држави и свои дипломати и кои ќе ја извлечат сета полза од нашата пролеана крв?!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мажот со цигарата меѓу прстите, онака формално, ги прашува оние кои се уште јадат: - Нема да ви пречи да запалам , нели?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога би имал можност, тој сигурно би ги прашал „нашите Богови“ каква е смислата на нивното создавање несреќни луѓе?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога ќе почнат да крескаат на секое споменување на зборовите „политички договор“, мора да ги праша: Но која е алтернативата?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Продавачот ги загледа и ги праша да немаат уште пари.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тамо вишел една кола сос волови прегнати, та ги прашал: - Шчо сте вије? Они му рекле: - Волови!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ами шчо стоите прегнати у колата? Воловите му рекле: - Човеко не прегна овде и није не смејеме да мрднеме оттува дотува; зере, ако мрднеме, има и ќотек! 'Рслано се уплашил ушче толку и ги прашал воловите: - Каде је човеко?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Они му кажале: - Ее, иди погоре, ќе го видиш! 'Рслано отишол понагоре и вишел едни биволи, та ги прашал: - Шчо сте вије? Они му рекле: - Биволи!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А кој уште ги прашува децата и старите?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сакам да ги прашам зошто ми се лутат, што сум им погрешила. А тие - ни црна, ни бела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку да ги прашам одошто живеат, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но пред да ги праша дали го обвинуваат кога веќе го сослушуваат и дали можеби тие знаат каде е девојката со 'ржена коса, ја видел Фиданка Кукникова како му се доближува со нишање, валчеста и со блесок на грев во очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се грчел и како оддалеку да ги слушал призраците на туѓите гласови додека барале од него да го прераскаже настанот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знае ли некој за овој предавник? - татенцето ги праша другите деца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дури и тагата на браќата. „Во неговата соба видовме голема челична каса.“ „Во чија соба?“ расеано ги праша не сфаќајќи ги веднаш.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Што чувте?“ љубезно ги праша; наслути - зад него коњот ја начнуваше сламарицата, чиниш ја џвакаше пресувата ноќ. „`Рзнување чувме“ , се згуснаа, се скаменија, пред него, бараа тактика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мајко божја, зол е твојот син Исус! се сети и заплака, - проклети чудовишта и проклет Нојов ковчег, - а горилата го влечеа, мирни и свикнати на отпор, отсутни, влакнести. „Зошто?“ ги праша со свенат глас. „Зошто?“ Прашањето како да не можеше да се провлече низ малите грмушки на сивите влакна што им пробиваа низ ушите како кај клисарите од дебелите руски книги.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислат ли тие, ги праша, дека тој ќе ја претвори својата соба в штала, а браќата Крловец со остар песок под кожата на табаните не смееја да погледнат во него повторувајќи еднобојно дека нивната соба е мала и за мачка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше месечар. „Вие сте браќа?“ ги праша триејќи го со дланка темето изгорено од сонце. „Браќа, близнаци“ , му рекоа и копаа со петиците тврда земја. „Па здраво, Каине и Авеле“ , ги поздрави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеш и млад слон да сместиш во оваа празнотија. „Колку можете да добиете утре за него?“ ги праша и сфати дека понекогаш и боговите клекнуваат пред упорноста на безначајните верници а можеа да бидат богови само затоа што ги сакаа необичностите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Сакате ли да умрам од смеа?“ темно ги праша. „Мислите ли дека ова е приватна штала?“ „Само оваа ноќ“ , молбено го погледнаа, во полумракот лицата им се претворуваа во остри и издолжени носиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Што станало со мачката на директорот?“ ги праша не очекувајќи чудо - чудата лазеа околу него со жилавост на пиреј и троскот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не се фати за глава и ги праша дали веруваат во се а тие, со некој потсмев во гласот, рекоа дека веруваат во се и во него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Излегоа тројца од три кожурки на своите соништа а тој, претпоставувајќи во нивните сонливи очи топлина и чувство, ги праша со рапаво грло: „Каква е оваа ноќ, оваа проклета црна ноќ?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќето луѓе би го рекле тоа, ако ги прашате.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А си чула ли - ми велат дека кај нас гостува ДИЏЕЈ познат Појди флаери се делат па веќе целиот град дозна Ги прашав: Што мислите колку човек знаење треба да има за пирамида да направи една?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Како си ти, Андо, Велико, што ти прави Пејо? — се распрашува Петруш макар и сношти да ги праша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога ги прашаше како си поминуваат во училиштето, и двајцата не можеа да се нафалат колку многу Крсте Попов знае и сѐ што знае им кажува само ним.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Врзаните ги исправија пред ѕидот од блискиот двор и кадијата почна да ги прашува: – Кој е главабашија во селово, освен попот? – Јас сум кнез оваа година, ефенди – одговори врзаниот кефалија. – А-ха!!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се изнамајтапија до наситка и го натераа да ја донесе борината. – Ддд ннне сссака нннекој ммаст и сссирење? – ги праша Трајко, а овие одвај го дочекаа тоа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така се договорија: попот да зборува за сите, а тие да потврдуваат или да откажуваат кога ќе ги праша нешто султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да ги прашаме колку пари ќе им сакаат на старите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги прашаа уште колку време ќе проведат овде, а тие му одговорија дека зависи од тоа колку бргу ќе ги проучат терените...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Седнуваат и игуменот им пожелува добредојде и им искажува радост што пречекува вакви високи и ценети гости, овде, во светиов манастир и ги праша со што да ги почести: вино или ракија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На ручекот што го приреди игуменот, се разменуваше по некој збор меѓу полковниците и пратеникот, колку да не се молчи, но сосем за споредни, небитни работи: пратеникот ќе ги прашаше како се чувствуваат овде, како им се допаѓа овој крај, тие го искажуваа своето задоволство, восхитување; го пофалија кметот за пречекот што им го направи и убавите денови што ги поминаа во селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Откако се напија уште неколку, игуменот ги праша: - Ја разгледавте ли околината...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од одајата слезе отец Иларион, ги загледа жените, го загледа него, и ги праша: - Што му е?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Што ѝ е? - ги праша отец Иларион.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој судијата, некој умен човек, ги викнал двајцата, ги прашува, ама тоа пак тоа: едниот вели му дал пари на другиот, а другиот вели дека никакви пари не видел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Толку добро ги знае што ги прашува како слика да гледа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Па што да правиме сега? - праша Коте. Сега Проедросот, со рацете на масата, ги погледна братучедите и сакаше малку да земе здив пред да ги праша што ќе ги праша, но толку тогаш крцна трказот на вратата, влезе жена со послужавник в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вртеа глави, гии жалеа и повеќе се чудеа што да ги прашаат одошто ги прашуваа нешто, но знаеја веќе дека ова лага не е.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Кој сте вие? – ги праша Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тетин Доне седна на чекорум спроти нив, ги прашува: - Кажувајте сега.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стариот малку се зачуди, ги погледна двајцата па ги праша и тој: - Што, вие нашенци, а?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа ги праша: - Ви дојде времето да се вратите и се враќате, а?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Што сакате? - ги праша Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А тој дури се осмелил да ги праша дали го познаваат тој Чардаклија?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А и што друго можевме да му речеме", ги прашал гостилничарот иследниците кога ги изнел сите овие поединости?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Човекот од црвената ветрушка ги прашал што знаат за Симо Чардаклија и дали е сè уште во селото неговата ќерка?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или: дали барем помислиле да го сторат тоа, или пак ние само си вообразуваме?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Немаме дури ни храброст да ги прашаме испраќачите на ваквите пораки дали навистина сакале нешто да ни речат?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На што се должи вашето присуство?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем ќе се осмелиме да ги прашаме: Извините, но што правите овде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога тој ги праша, тие и не мислеа да кријат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Денет: Значи не сметате дека сликањето може да има било каква валидност денес?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако ги прашате младите луѓе, тие имаат идеја за што зборуваме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Баба му, ниска и подгрбавена старичка, излезе на вигната и првите партизани кои ги сретна, ги праша: - А бре, ченда, кој тука ви е големио?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се поднамести, дофрли во огнот неколку дебели суварки и откако се загледа во лицата и во очите на тие, кои седеа поблиску, ги праша: - Иљ ме разбервате аљ не?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога веќе беа пред прагот, пред нив застана старичката и со тивок глас ги праша: - Си ојте? Со здравје и со добро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Таа ги прашала: Добро, за кого треба да бидам, а едниот глас ѝ рекол – Се разбира, за мене. Им рекла: Добро се согласувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Притоа беше и трудна, и баш сакаше да ги праша поискусните кадани дали таква смее да се потопува во жешката вода на бањата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бевме едногласни: да си ги земеме велосипедите, божем ќе возиме низ нашата населба, а јас да ги понесам и тениските рекети, можеби некое од игралиштата во паркот ќе биде празно, па ќе нѐ пуштат да поиграме без пари. Така и сторивме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Кога повторно ќе се видиме? – го прашав сосема искрено, така како што девојчињата не се осмелуваат да ги прашаат момчињата, од страв тие да не помислат којзнае што за нив, или од страв да не бидат исмеани поради нивната заинтересираност.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ако ги прашам, моите сигурно нема да ми дозволат - рече Мила. - А, моите мислиш, да? – додаде Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Па нема да ги прашаме? – реков. – Ќе заминеме без да им кажеме и ќе се вратиме пред да се стемни. Никој нема да знае.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што му е на детенцево? - ги праша таа своите другарки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)