ги (зам.) - поштеди (гл.)

И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакаа на таков начин да ѝ приредат заеднички реванш на нивната судбина на Балканот, за да ги поштеди, одмине нивните потомци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стег, на пример, само што ги чул силните експлозии, заедно со гавазите ги држел “на око“ влезовите на конзулатот, “знаејќи дека револуционерите нема да ги поштедат странските функционери“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)