ги (зам.) - почувствува (гл.)

Ги почувствува дамарите во грлото. Слепоочниците му се оросија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Масоните, поимаше, беа едни од многуте невини жртви на времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И си ги почувствувал за твои.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му се напрегнаа жилите, ги почувствува дамарите како бијат низ целото тело.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Лечејќи го Бојс и учејќи го како да се лечи самиот, Татарите му дадоа втора, посреќна прилика, како возрасен, да ги почувствува топлината и присноста од кои порано бил лишен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таквиот живот ста­нува контрадикција помеѓу внатрешните чувства на неадекватност и надворешните активности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А тие беа Бојсовите добри родители, кои му ја обезбедија нужната нега и грижа која ја поправи разорната емоционална штета што ја направија неговите лоши родители, а подоцна и вистинските, физички повреди од кои настрада поради своето лошо владеење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Синот ги почувствува Мајкините солзи на своите образи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко со последните атоми на силата на духот сакаше да го изнесеме на раце да ги почувствува последните сончеви зраци.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На образите ги почувствував нивните топли солзи. Како да беа од ист вкус, познат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рози го слушна крцкањето и тропањето на еден автомобил зад неа и се тргна настрана, до работ на патот, но продолжи да оди, не свртувајќи се назад и, заземајќи поисправен став, почна поцврсто да гази зашто на себе ги почувствува очите на возачот, кој и да беше тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Престани! „Што?“ прашав, сѐ уште бесполезно туркајќи како да не те слушнав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, Боже!“ ти крикна, кревајќи се. „Што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одеа молкум, загледани во себе и пред себе, во земјата која како единствено да жалеше зашто тој ден не ги почувствува табаните и живата душа на Сане Сандин, не му ги сети нозете кои како да не беа од крв и месо сочинети, туку од грутки печена црвеница, како од корки сува јеловица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
104. Бидејќи во тоа време Мисирков беше претседател на ТМОК во С.Петербург и непосредно кореспондираше и со ВМОК во Софија и со ЦК на ТМОРО во Солун, тој лично ги знаеше тие односи што подоцна имаше можност и на самиот терен да ги почувствува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За утеха,не ги почувствува болните сечива на бајонетите...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Му се причинува ли дека гласот на Сириецот старечки затреперува, или тоа што очевидно се спласнува, се смалува е поради напнатата тупаница на мигот што ги дроби сите присутни: - Кога го зграпчив, кога ги почувствував неговите пори врз моите...бев момчак во несопирлив трк.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Врз него полегнала тивка очаеност. Само затоа ли се повторил како наслушнувач?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакал да се нурне во тајни и да ги почувствува со сите сетила на својата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сончевите зраци кои како рој влегуваа во собата ги почувствува како огнени стрели кои се зариваат во нејзиното тело и вивнуваат во пламен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кајмакчалан не ги почувствува стапалките на оваа планинарска дружина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мора да е таа, бидејќи ги почувствува влажни образите и болка во самата јаболчница како од удар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Хајнрих Бел  ЦРНИ ОВЦИ
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го удираше сѐ додека Богдан не ги почувствува ударите на своите слабини: гледа пред него нема никаков коњ, а всушност тој е коњот: на него е качена Аниса и го удира со петиците и го сили да трча.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас, мој пријателе по судбина, во годините на бујната младост ги почувствував ударите на двете несреќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Шпанската историја ја проучуваше пред да замине со доброволните антифашистички бригади, но и ги почувствува нејзините најтрагични моменти и затоа тој се надоврза на Татковото кажување: Волјата за религиозна христијанска унификација ќе се почувствува по крајот на муслиманска Шпанија, кога во 1492 година, католичките кралеви, стигнувајќи во Гранада, ќе ги прогонуваат Евреите, со исклучок на тие што ќе го прифатат преобраќањето во христијанството. Тоа е историјата на мараните.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И шпанските муслимани биле насилно преобраќани во католици: тоа е историјата на мориските (les morisques), додека триста илјади муслимани во почетокот на XVII век биле прогонети од Шпанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По лицето на Камилски се истркалаа неколку солзи без да ги почувствува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во исто време од нивната внатрешна страна ги почувствував бутовите во благ допир со моите расфрлани раменици по кои се шетаа долгите, топли, однегувани прсти на полицајката со такт, ненаметливо, барајќи смирувачки тонови на раштимуваната клавијатура.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој миг ги почувствував прстите од нејзините раце под мојата брада.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можеше да ги почувствува нејзините гради, зрели но цврсти, под униформата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И една ноќ, кога Мајка ги почувствува првите болки што го најавуваа скорото раѓање, го повика Татко и во доверба му рече: – Дојде времето да ти откријам една тајна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се стегна во мене при што ѝ ги почувствував тврдите дојки на моите гради.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застана така со лесно затворени очи,се потруди да ги почувствува како исправноста на положбата на телото така и да стане свесен за целото свое тело од темето до петиците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние веќе добро знаевме какви несреќи се случиле, ги почувствува семејството врз повеќе грбови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оваа омеѓеност, меѓутоа, не претставува хендикеп, таа го одредува плодотворниот амбиент на силните влијанија што младиот Бредбери ги почувствувал од опусот на Едгар Алан По.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За ручек: оние огнени млазови, дебело извиените Ван Гогови сончогледи, тие цутови што слепиот можеше да ги почувствува со еден потег на опалените прсти врз жешкото платно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во кафулето „Ернест Хемингвеј“ во Скопје баш кога ги почувствував првите знаци на ревматични болки на левото рамо ми се дотркала едно бранче и пред да заспие ми шепна дека веќе ништо не е како во книгите на Хемингвеј: испокинати се старите мрежи во кои се фаќаа љубовните воздишки а и рибите веќе не се по воздишките и по заводливите насмевки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Киро ги почувствува неговите прсти околу вратот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И мислат на овој непознат маж, кој сега лежи ничкум свиткан во трапот и се прашуваат зошто ли толку упорно и страстно тој посакал да влезе во душата на старичката и зошто толку многу посакал да ги почувствува сите нејзини некогашни радости и да јa разбере нејзината болка, кога тука, наоколу, толку свирепо надвладеа омразата?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)