ги (зам.) - потсетува (гл.)

Замислете си го тоа: Писателите кои имаат милиони идеи во главата а немаат хартија, одат по луѓето во градот и ги потсетуваат дека треба да ја променат извалканата, да не кажам, искинатата облека.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На крајот да го кажам и ова: Актерите се клучниот сценски реалитет, но, одвреме-навреме, потребна е некаква Флоренс да ги потсетува да не прават будали од себе, особено кога не ќе можат да ја согледаат својата суштествена функција - коавтори на претставата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Побрзо да свршиме работа, - рече со изговор својствен на Власите, што братучедите ги потсетуваше на говорот на оние Власи од бачилата брзнички.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа во Грција ги потсетувало на 1875-76-78 година, кога покорените словенски народи востанале против османската власт и кога за нив, главно, Европа се заангажирала да им ја поправи положбата преку наложување реформи на Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Барајќи ја својата смрт, тие всушност уште два дена ги продолжиле атентатите, уште два дена го држеле во ужасна напнатост целиот град и уште два дена ги потсетувале беспомошните и фрлени и во бес власти дека се тука.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Протестите против тој злосторнички акт се претвориле во движење кое постојано ги потсетувало народите и државниците на Европа дека султанска Турција е анахронизам во современото општество и дека ако не се преземат мерки и не им се помогне на угнетените да добијат свои човечки и политички права, крвавите настани можат пак да се повторат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се носеа под директива: да ги потсетуваат децата на нивните родени мајки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие? Некогаш забранетиот Лајбах кој намерно ги навредуваше чувствата на граѓаните со германското име за Љубљана коешто требаше да ги потсетува на деновите на окупацијата, сега да ја претставува Љубљана? Почесно, свечено.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред една година со повикот да подготват свечен концерт за отворање на Европскиот месец на култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дали е тоа епистемологијата на плакарот и нејзините многукратни двојни врски, продорниот режим на хетеронормативноста и на хомофобијата, врховното значење на родот, неспорната заводливост на мажественоста, незгасливата желба за убавина или невозможноста хомосексуалноста наивно и невино да се искуси како нешто сосема природно, светот во кој суштествуваат геј-мажите постојано ги потсетува на нивната неизземеност од животинските стварности на сексуалното раслојување, на културното значење и на општествената моќ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот. ‌Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250 ‌Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
6 Shamash – прислужник во синагогата чијашто должност била и да ги потсетува верниците на нивните религиозни обврски
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Без престан тече изворската вода од трите цевки и натписот на таблата над нив постојано ги потсетува на изгубената татковина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За тоа катаден ги потсетуваше натписот над влезната порта и оџакот што без престан црно димеше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
3. Уште од првото сонување научив Дека доселениците всушност Натрапнички им влегуваат во соништата на староседелците И дека со несечените нокти им ги дупчат на староседелците Мешините полни со резервни соништа Па откако ќе ги обесонеа лесно им ја крадеа земјата И во древната абориџинска црвеница Садеа цели плантажи со нови соништа И тогаш јас разбрав дека има и престорени соништа Престорени и превоспитани соништа Оти првите доселеници беа дојдени по казна Како историска претходница на гулазите Само што нив тука немаше кој да ги тормози И севезден да ги потсетува дека се престапници испратени на издржување на казната Туку баш напротив престапниците почнаа Да ги тормозат староседелците и да им ги дупчат соништата Оттогаш коалите со сите расположиви средства Си ги вардат соништата од натрапници со несечени нокти И си го бранат вековното право На дваесетчасовен сон во едно деноноќие Оттогаш сите ги предупредуваме Да не остават на раат да си го досонуваме сонот И на секој еукалиптус закачуваме парола Кој сонува зло не мисли А се подразбира дека кој многу сонува Кога да е ќе го довстаса јавето И ќе окапе од визити на нервни доктори Па тогаш ќе си ги мериме соништата И ќе ја утврдуваме нивната историска тежина или леснина Тогаш сетики уште ќе има бумеранзи Оти историјата без вратки не ја бидува Што се покажа и во соништата од петокраки Макар што никому се уште не му е јасно Кој и како ќе им ги врати на Абориџините Старите продупчени соништа Оти никој се уште не измислил лепило За продупчени мешини со резерни соништа Штоако сега школски авиончиња Влечат на опашките натписи Sorry како што се влечат реклами за кока кола или нешто такво Sorry sorry ама се знае ли што досега се стори И ако сте љубители на рими знаете ли каков оган гори Во продупчените соништа на староседелците На кои денес лефтерно им велат Sorry Како кога некој не сакајќи да им ги згазнал стопалата Во турканиците пред влезот на Олимпискиот стадион во Сиднеј Или на пазарот близу пристаништето Ако се погодите таму на пазарен ден баш во сабота Како на секој пазар и овде под тезга се продаваат разни нешта Па можете да си купите разни збирки соништа Стари и нови соништа староседелски и дојденски соништа Од такви соништа се учи Дека ако нижиш бисери ќе плачеш Колку повеќе бисери во соништата толку повеќе солзи на јаве Од такви соништа се учи Дека ако најдеш алтани во твоите чевли Ќе отпатуваш надалеку дури до новиот и отаде новиот свет А пак ако таму во новиот ти свет Се бакнуваш на сон со некого уста со уста Ќе те фати ревма а богами и потешки болештини Ако си машко и ако се бакнуваш со машко уста со уста Баш како што се бакнуваше еден од наследниците на Ленин Пу пу скраја да е Џабе ти тогаш и соррѕ и се стори џабе ти и цела сурија нервни доктори.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ние успеавме со Цветана Горски и со моите пријатели да создадеме минијатурна музејска колекција на флората и фауната на Езерото за да ги потсетува идните генерации во бесмртноста, но и смртноста на езерските и крајезерските жители...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)