ги (зам.) - потресе (гл.)

Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Што? Како? - прашуваа. - Не знаеме, - премолчеа Денко и Бојан. Не сакаа да ги потресуваат родителите. Ќе имаат време да разберат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тажниот настан вистински ги потресе сите во дедо Димовата колиба, но секако најтешко му беше на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)