ги (зам.) - потпишува (гл.)

„Сега Тате слета во Спрингфилд, сега е на пистата, сега ги потпишува документите, сега е во хеликоптерот, сега е над реката, сега е над ридот, еве, го симнува хеликоптерот на малиот аеродром, тука во Грин Вилиџ ...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мајсторот мисли уште малку, а после тихо вели: „Предавам.“ Ги потпишува заемно ливчињата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во денешниот момент на (македонското) новинарство кадешто лаже кој стигне, кадешто моралната одговорност во најдобар случај е мисловна именка, и кадешто мошне често ни за највулгарните и најприземни навреди не може да се добие ни минимален отчет, навистина е во ред прашањето зошто, кога веќе се залагаме за промена на состојбата, не потпишуваме одредени свои текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неколку наврати нескриено и тенденциозно ни се префрлаше дека не ги потпишуваме своите текстови и дека се криеме зад таму некакви си псевдоними.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)