ги (зам.) - поткрене (гл.)

Старицата сѐ уште не го стега синото конче, да ги поткрене очилата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа не го гледа димот, што го остава локомотивата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тетин Доне ја разгрна ќурдијата, ги поткрена клашите, едната ја испружи крај софрето натаму, а по коленото од другата се удри.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш, сѐ уште во нив има живо месо.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш крилјата, полетај Ема, поведи го јатото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега е вистински миг да полетаме. Да ја прелетаме оваа долга, морничава ноќ.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Диво месо…?!“ се обиде да ми влезе во зборот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш, сѐ уште во нив има живо месо.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ние со Ели љубопитно ги поткренавме главите и слушавме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Запре учителот малку како да исчекува одговор од полковниците; тие ги поткренаа главите помислувајќи дека заврши и ги зедоа чашите да му наздрават.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Немајќи друг одговор, ги поткрена рамената.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Знае дека сето тоа доаѓа од погледот на Пелагија и не се осмелува своите очи да ги поткрене од плетилото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На прашањево што ми го упати Жолтко одговорив одречно на оној мој вообичаен начин: ги поткренав рамениците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Хм, - промрморе некој. - Што мислите, другари? - ги поткрена очите Коле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само ќе ги поткрене рамињата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Несреќата можела да му однесе еден или два прста, и со тоа да се затвори случајот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но требаше да се пријави веднаш. Зошто чекал цела недела! Дури продолжил и да работи, а не смеел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замолчев. Сестра ми ги поткрена клепките: - Каде? Излегов молчејќи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)