ги (зам.) - поткопа (гл.)

Секој од свој агол во своевидна наративна рашомонијада ги оспорува и ги поткопува веќе усвоените становишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Слабост и недостиг на самодоверба ги карактеризира сите ликови во романот: Агна, иако незадоволна од бракот, не го напушта мажот бидејќи не се чувствува доволно снажна без неговиот успех; селаните настапуваат исклучиво како колектив и единствено така имаат сила да ги поткопуваат Симоновите настојувања; на самиот Симон не му е доволна сопствената убеденост дека прави нешто позитивно, туку му е потребно да се потпре и на паралелизмот што го пронаоѓа меѓу предокот и личното дејствување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вака, ние сме праведници. Човековата волја ги поткопа Алпите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од корен нѐ растрои, што се вели, ги поткопа и нашиот карактер и нашите навики.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, навистина, ако се гледа од главнотековно, хетеронормативно стојалиште, тактиката да се претстави сопственото страдање како изведба на страдање може само да ги поткопа и автентичноста на тоа страдање и неговата достоинственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како арена на политичка дебата и учество, јавната сфера е фундаментална за демократското владеење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Според Врховниот Суд на САД (Лојд корп против Танер, 1972), правото на слободен говор се протега само на активности на јавна а не приватна сопственост.88 Затоа, постојаниот притисок да се ограничи/намали јавниот простор воден од барањата за безбедност и комерцијалните интереси има крајно сериозни политички импликации, бидејќи директно ги поткопува можностите за слобода на говорот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зашто, или ќе надојде Жепа, брзо и ненадејно како сите горски потоци, па ги поткопува или ги откопува гредите, или ќе надојде Дрина, па ја преградува и ја запира Жепа кај утоката, а таа нарастува и го крева мостот како и да не бил никогаш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И во исто време реши да им изгради и мост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што ќе се диреците што ми ги поткопа водата и што е давењето на децата?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)