ги (зам.) - потиснува (гл.)

Климент Камилски, откако се врати од Голи Оток, му се радуваше на животот, солзите му идеа самите од себе, емоциите притискаа во него, макар што староста ги потиснуваше од животот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа ги потиснуваше овие сомнабулни очи со тешкиот парфем на своите вознемирени гради, го гасеше бунилото на овие усни што така силно ги сакаше кога тие палеа на нејзиното голо рамо жерави на слатка мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше студен, студен, студен и тој студ сѐ повеќе ги потиснуваше бескрајните лета, со нивните зелени факели и бронзени сонца што го ослободуваа, топејќи го зимскиот оков.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И како е запарно овде. Врелина му ги потиснуваше градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)