ги (зам.) - потврдува (гл.)

Сето тоа му го исприкажаа на нивни каурски јазик, а везирот го разбра без никаков преведувач, та дури и самиот зборуваше по каурски, Арслан ги потврдуваше зборовите за негово пленување и ја гледаше сестра си Анѓа, која ги милуваше со своите црни очи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Bruno Bettelheim разгледувал сличен феномен во текот на сопствените истражувања на темата насилство бидејќи, во текот на едно јавно предавање, што го слушнав во Сан Франциско 1982 г., спомена дека насилството како категорија на истражување драстично отсуствува од филозофските речници.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Моите сопствени истражувања на деструкцијата во голема мера ги потврдуваат согледувањата на Лифтон и Бетелхајм.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
111. И за оваа дејност на Богословско-учителската школа во Белград постои исцрпна архивска документација што наполно ги потврдува зборовите на Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ги потврдува дотолку повеќе, што оваа книга беше напишана пред да биде објавен материјалот на американските психијатри. 42 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)