ги (зам.) - построи (гл.)

2. Ги построи своите војници – штитови посјајни од оган, мечови што болскаа наспроти морето, им го раздели сето богатство на Македонија, го зеде мечот во десната, левата ја крена кон небото и тргна во походи.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ги построија во два реда, свртени напред, Србин му е зад грб.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога нивната единица, по шестомесечната обука, од Пеќ ја префрлија во Приштина и кога таму уште утредента ги построија за да издвојат дваесетина војници кои ќе бидат испратени на служба во Исток, на Еда му зачука срцето од вознемира можеби како никогаш другпат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со име и презиме ги построија, преброија и потоа ги наредија пред казан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ме виде учителката, се изненади. Ја виде ногата и ми ја преврза. Ги построи сите деца.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)