ги (зам.) - послужи (гл.)

Таа ги послужи ракија, а Пискулиев отпи само половина чаша, што очевидно остави добар впечаток на стариот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И Мајка, која ги послужи со локум и студена вода, како што тоа го чинеше секогаш пред да започнат со работа, го забележа променетото расположение на Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски го забележа главниот книжар со побелена брада како ги послужува посетителите, слика што ја понесе во свеста уште во далечната 1936 година, кога често доаѓаше во оваа книжарница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не мина многу време, Климент Камилски дојде со жолтото куферче, кое го стави пред Татка и Мајка со подавалникот за да ги послужи со кафе, локуми и студена вода.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И четворицата од блиската маса, откако ги послужи келнерот со нова тура гроздова ракија, стануваа побучни. Стануваше живо во балканската крчма.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Девојката што дојде да ги послужи им се обрати на лош македонски, со некој чуден акцент.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Млада и тенка, со бојосана светлоруса коса, речиси побелена од честите бојадисувања.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ама јас веќе си одбрав...“ и братучедот покажа со главата накај девојчето што ги послужи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа се потпираше на шанкот со лакотот и ги грицкаше ноктите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бреза веднаш се искачи на високите столови крај шанкот, а јас застанав од другата негова страна, каде што обично гостите ги послужува шанкерката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајката Перса ги послужи со кафе и слатко. Не со пржен јачмен, туку со вистинско кафе од што замириса целата просторија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Та кога дојде таа поголема група гости, додека жена му отиде во кујната да се погрижи за останатото, тој се нафати гостите да ги послужи со пијалак.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Наутро оние на чиишто чаршафи се нашле најголеми дамки ги послужуваат со чорба од златни рипки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мајка уште еднаш ги послужи со слатко членовите на комисијата, а шефот пивна и од ракијата од дудинки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми, првин, ги послужи членовите на комисијата со слатко од дудинки и студена вода.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)