ги (зам.) - посветува (гл.)

„Овие редови“, пишуваше во дописот на учителот Димитрија Боте, објавен во „Цариградски весник“, „ги посветуваме на плодното дело на Никола Поцо, добротвор и поддржувач на народната култура и просвета, по потекло од Маказар, село во Монастирската каза.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ете, убаво би било кога претставите ќе си ги посветуваат на себе, всушност, ќе ги создаваат за згрижување на своите духовни и естетски потреби, а притоа, публиката да мисли дека се наменети за неа и само за неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)