ги (зам.) - поправа (гл.)

И не беа помалку изненадени кога ги видоа мажите како, качени на покривот на господарската живеалишна зграда, ги преуредуваат керамидите, како сами ги поправаат чардаците и ги кастрат роните дрвја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се надевав дека ќе најдам барем и друг што треба сега да ги поправа чевлите, па јас да му се придружам како помал брат, да се јавиме заедно, и така покрај него, без да излегувам на прв план, да ја свршам и јас својата работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По одбиениот пешадиски напад, почнаа да ги поправаат рововите и бункерите, собираа делови од тела на своите соборци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да ги терам тие кои мочаат крв да одат да ги поправаат бункерите?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Осакатеното „т“ без среден потпирач; невротичната, продолжена капа на „о“. Ги поправа буквите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пролети, младичот прво ги отвораше прозорците А потоа ги поправаше часовниците, ги чистеше, разместуваше...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја колнат реката, но пак од неа не се делат, не бегаат: ги поправаат одново оградите од дворовите, ги подѕидуваат излоканите плитари, ги зацврстуваат, го подѕидуваат коритото, прават нови мостиња и одново започнуваат борба со неа кога ќе надојде.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чичкото што дојде да ни ги поправа славините дома беше необично симпатичен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Земале мали гемии, шетале со нив по морето или пак им помагале на гемиџиите кога овие ги ваделе гемиите на суво за да ги поправаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Широко езерско синило и таа како чун зариен во него; кога сите правеа куќи понастрана од езерото за да не ги лока и подјадува, Бандо тука, на самиот брег, до самата вода ја направи куќата да го слуша нејзинот шум, нејзиното заплискување на ѕидот од куќата и брегот; а кога езерото ќе надојдеше и ќе се разбеснеше, кога ќе почнеше да му ги подлокува ѕидовите на куќата, тој го молеше бога само да не му се урне куќата и да го потфати, а кога ќе се смиреше езерото, веднаш почнуваше да ги поправа и зацврстува ѕидовите. И така постојано.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ги гледаше Висар на широкиот пат крај езерото испоседнати Ѓупците со разни бакарни садови што ги поправаа, калаисуваа и продаваа, ги гледаше како одат по куќите и бараат нешто за јадење, тропаат по вратите, а луѓето им викаа: „Сиктер, никогаш вас човек не може да ве нахрани; и кога Ѓуптинот го поставиле за цар, тој прашал: А што ќе правам за леб...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
МИРА: Борис ги поправа славините. МАТЕЈ: Нели? МИРА: Да. МАТЕЈ: Конечно некому да му текне. МИРА: Те молев со месеци.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пред да забременам, за него го знаев само тоа дека неколку месеци пред тоа беше дошол во нашето мало гратче, налик на село, за да ги поправа тркалата на коњските запреги.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дознав малку повеќе за него кога му кажав дека сум бремена. Освен што поправал, тој и поткраднувал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чичкото што дојде да ни ги поправа славините дома беше необично симпатичен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)