ги (зам.) - положи (гл.)

Јосиф ја затвори книгата, ја положува на колена и врз неа ги положува рацете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како студент тој ја освои мајсторската титула, но поради одлагање од ден до ден, не ги положи сите испити на правото, иако инаку имаше стекнат навик да биде секогаш добар ученик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откако Камилски срдечно се поздрави со Татко, наврапито и внимателно го отвори волшебното жолто куферче, ги положи речниците врз масата, со тоа давајќи му на знаење на Татко дека е веднаш готов да започнат со ловот на опасните зборови, небаре тие ќе исчезнеа засекогаш без да ја доживеат замислената осуда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој брзо ги положи своите книги и записи на страниците за јаничарите, листовите записи извлечени од други книги и речници кои останале во неговата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така, ниту јас кај него не можев да се задржувам предолго, поради моите обврски на факултет, поради испитите што требаша да ги положам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Потем одеднаш плукна во дланките, ги сотре, ги положи на колковите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со појавата на француски јазик на третиот роман, Атеистички музеј, писателот Луан Старова ги положи темелите на една монументална романескна целост која би требало да опфати над десет романи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И навистина, академијата беше некој вид на мрестилиште во кое многу „лососи“ ги положија своите икри и својот млеч за како што тоа и во природата бидува, да се распаднат во некој од вировите на академизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Станува и, иако беше опоменат од претседателот на Дисциплинската комисија дека изрази на верски чувства поради тоа што црквата е одделена од државата не се дозволени, сепак ги составува дланките, ги положува на градите и притоа ги превртува очите нагоре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Друго јас немам што да кажам за оваа работа“, рече на крајот Брзакот, ги крена рацете со составени дланки, ги положи на градите и со крената глава, со поглед вперен во таванот, пак почна нечујно да мламушти молитви поради што претседателот на Дисциплинската комисија се смурти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да посеат околу себеси смрт и ужас до дотогаш невидени размери, без да ги положат и сопствените глави - тоа беше еднакво на подлост.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неколкумина Турци се проврткаа, му ги врзаа вилиците и палците на нозете еден за друг, а рацете му ги положија на мевот, па откако прошепотија неколку џенази според коранот, се тргнаа во другите одаи да каснат нешто од тоа што го беа донесле комшиските жени, зашто во куќата на мртовецот не смееше да се готви.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го поздравија бегот со темане и Марин Крусиќ, кој веднаш се претстави, ја грабна и кошницата од рацете на Сандри, и двете ги положи пред нозете на бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во обредниот тек првосвештеникот неколкупати ги исповеда гревовите: најнапред за себе и за своето семејство со рацете положени на главата на едногодишен јунец кој подоцна ќе биде заколен како жртва кон Бога, потоа ги исповеда гревовите свои и на своите свештеници сторени кон светилиштето, Храмот над сите храмови, за што рацете ги положува на главата од јарец кој подоцна исто така го колат како крвна жртва кон Бога и на крајот ги исповеда гревовите на сиот народ со рацете на главата на уште еден јарец, кој натоварен со нив и наменет на злодухот Азазел, се пушта во пустината.  Потем пред очите му игра борбата на свештеникот Мататија и неговите синови, а посебно еден меѓу нив, Јуда Макаби и неговата победа над носителите на грчката духовна окупација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас ѝ ветив, а таа ги положи гасениците во својот скут.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара секогаш беше болникава, а на болестите кај болникавите луѓе гледаме како на дел од нивното секојдневие, и ретко помислуваме дека една од тие болести мора да биде последна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потсетете се на сите знајни и незнајни борци што ги положиле животите за слободата што ја живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)