ги (зам.) - поканува (гл.)

Затоа, ги покануваме сите оние што сметаат дека е можно одредено подобрување на сознанијата презентирани во неа, да нѐ контактираат и да го споделат своето мислење со нас.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според информациите што ги добивав од моите најблиски соработници, службениот стан Ема го користела за студио во кое ги поканувала своите клиенти, разговарала со нив, ги придобивала и ги инструирала.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука, на таа цуцка, оставаа Бугарите разни летоци со кои ги покануваа нападените Срби да се предадат и им ветуваа дека ќе ги пуштат да си ги видат невестите и децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога почувствува дека има успех со нив, таа премина на подиректната социјална мрежа, којашто ги вклучуваше нејзините роднини, кои почна да ги поканува за време на терапијата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 41
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа одлучи да почне со повторно запознавање со оние кои беа “далеку” и контактираше со неколку пријатели од училиштето кои не ги имаше видено неколку години.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)