ги (зам.) - позиционира (гл.)

Таа овозможува алтернатива, нов склоп од можности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, искажува нешто друго – нешто карактеристично геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Резултат на тоа е одбивање на доминантното сексуално – и родово – кодирање на културните вредности и калење на нестандарден, дисидентски однос кон културните практики, однос поусогласен со геј-желбата. ‌Машката геј-култура не ги позиционира баш своите субјекти во некоја меѓуположба – да речеме, на половина пат – помеѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, помага да се воспостави геј-идентитет што не се изедначува направо со ниту една постојна родова положба, туку кој се дефинира преку својата дисонантност, преку отклонот од конвенционалната родова мапа на мажественоста и женственоста. ‌Машката геј-култура ги користи женската субјектна положба и женствената идентификација за да му се спротивстави на нормалното кодирање на културните предмети и активности според некој строг родов поларитет, машки наспроти женски, истовремено заземајќи и женска субјектна положба за да овозможи сексуализирање – всушност, хомосексуализирање – на културните активности (спортовите, операта) кои нормално се кодираат како хетеросексуални.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)