ги (зам.) - подига (гл.)

Другиот ги подига веѓите, упатувајќи му значаен поглед.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Циљка наведна глава, го потфати стапчето и почна да чешка во огнот; ги подбира недогорените суварки, лесно ги подига и ги фрла врз жарта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѝ навираат спомените, а гласовите ги подзема ветерот и ги сее од ров во ров од бункер во бункер, од таму ги презема и ги префрлува над трапиштата, ги разлева по ридиштата, ги подига до врвови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не ги подига ролетните, зошто дневната светлина ја прави нервозна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Наместо загрижено да ги подигаат веѓите во облик на буквата V, тие го растегнуваат лицето во насмевка. И притоа велат: страшно, страшно...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бруклинците-Словенци ревносно ги подигаат своите граници, своите царинарници, ги воведуваат своите пари кои веќе не се нарекуваат долар туку - толар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Oh, I am sorry - додава со задоцнување и ги подига веѓите во облик на буквата V.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Грета: Ох, г-дин Краста! (Станува и си ги подига гаќичките) Краста: Види, види, што нашиот хипно-вундеркинд прави со мојата омилена супа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се појавува еден средовечен човек облечен во црно со тенки мустаќи и крастички околу усните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ете, притрчува водникот и му ги подига.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ЛЕНА: (Ги подига очните капаци) И, го убедивте?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Што?! – ги подигаше своите раменца куклата, а со некој забест поглед го јадеше соговорникот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој ги подига рацете кон небото...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Па скоро ќе биде два саатот, малечко мое! а ние уште не сме си легнале!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Ама знам? Ама знам добро дека е два саатот! Да не сум јас крив?...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со своите долги, темни раце што брзо се движеа тој садеше, натапкуваше и прицврстуваше, сечеше, подрежуваше, со црното лице секогаш свртено кон земјата, со очите секогаш вперени во она што го работеше, кои никогаш не ги подигаше кон небото, и никогаш не гледаше во мене, па дури ни во Мама, освен ако не клекневме крај него, чувствувајќи како влажната земја ни продира низ панталоните кај колената и ги стававме рацете во црната нечистотија, не гледајќи во сјајното, лудо небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)