ги (зам.) - подгрее (гл.)

Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се обиделе да си ја надоместат невозможноста да му дораснат на предизвикот што си го зацртале со тоа што направиле класичен одбранбен потег, комбинирајќи понизност со пркос: „Свесни сме дека ги немаме сите одговори“, признаваат, „но знаеме и дека вистински битни се самите прашања“ (16).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Толку многу зависи од она што го чувствувате за мажите и за жените, за сексот, за суштествувањето како геј“.420 ДЕЛ ШЕСТИ Што е геј-култура? 19 ЏУДИ ГАРЛАНД НАСПРОТИ ИДЕНТИТЕТСКАТА УМЕТНОСТ Во пресрет на њујоршката прослава на Геј-гордоста, во јуни 2008 година, Тајм аут Њујорк (TONY) објави прилог со наслов Што е тоа геј-култура?421 Авторите од списанието признаа дека одговорот на тоа прашање им бил недофатлив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа златна пара му ги подгреа мечтите на Бојан, па често се скиташе по тоа место, што го нарекоа Селиште, и смислуваше разни цареви, царици, дворјани, замислуваше разни војски и битки водени по овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За разлика од нив, јас не сум во положба да бидам пркосен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако имам да кажам понекој неблагонаклонет збор за нивниот обид, можам само да сочувствувам со тоа нивно чувство на некадарност, со посраменоста зашто не успеале да ги исполнат очекувањата што си задале да ги подгреваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)