ги (зам.) - подведе (гл.)

Услуги кои ги даваат странски уметници и професионални автори Измените во оваа област предвидоа дополнување на листата на професии кои законодавецот ги подведува под терминот „странски уметници“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Боцевите другари се збираат да се поразговараат за настаните, што со секој ден напираат сѐ понови и потревожни, и се мачат да ги подведат најновите известија под боговдохновените предвидувања на Откровение Јоаново, да узнаат по тие знаци на кое место се наоѓаме по патот на апокалипсата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега ќе си отиде дома, мислеше Рене, болките ќе ги смета за неугодна придружна појава при опоравувањето, ќе ги подведе под поимот регенерација, ќе го кара синот, ќе ја одгледува ќерката, ќе го почитува граѓанинот, ќе го преземе мислењето на соседот, сé додека не дојде ноќта со крв во грло.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)