ги (зам.) - подари (гл.)

Руското покровителство станува ненужно кога ние си имаме „самостојно” и „национално“ бугарско покровителство. 3/ За бугарските владици што ни ги подари Стамболов ние плативме со немањето на автономни права, предвидени со Берлинскиот трактат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ништо немаше да жали - ќе му ги подареше кравата и нивата крај реката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По тесното патче се клатеше и ги наближуваше позициите Цепенко, опашан со долга сабја и со кременка пушка преку рамо, што му ги подари војводата Питу.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да се грижиме за саканите и да им обезбедиме сигурност, пристоен, удобен просперитетен живот, да ги реализираме оние улоги кои животот ни ги подарува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како да ја пронајдат таа, која ги „испили“ и му ги подари на овој свет?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заборави дека му ги подари на брат ти? - Па нели за тоа заедно се договаравме?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
(...) Тој иредентизам, во област во која на бадник спонтано се пее O, Tannenbaum!, овозможува одличен пример дека наречјето, наследната конституција или традиција не спроведуваат над поединците апсолутна моќ која инаку на тие чинители им ги подаруваат науките за човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Подоцна разбрав дека Спасе Миткин, градежен техничар од Монастир, кој доаѓа повремено во Маказар, му ги подарил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секогаш постои можност сопственикот да си ги побара назад, ако експлицитно не ти ги подарил или ако не ги фрлил на ѓубриште, онака јавно, сите да ги видат, а и да ги чујат Кога ти се големи и широки, и кога ти клапаат, веднаш се гледа дека не се твои, па туѓи се.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие што ѝ ги подари лани, ѝ се скинаа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше донел и нови приказни што и ги подари на Билјана.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нагонот го одржуваше дивиот род: волчицата се бореше да ги нахрани малите и да и ги подари на шумата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас се расправав, сестра ми најчесто да не речам бегаше, се повлекуваше во нашата соба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој дури не умееше да ни ги подари.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Елен Лејбовиц Ce 7 juin 2001 Monsieur, Il y a six mois, en commandant des livres јаvаiѕ rеu des chocolats. Rсеmmеnt јаvаiѕ соmmаnd des tаgrеѕ, et јаi rеu deux nappes рrоvеnаlеѕ. Je nаvаiѕ aucun besoin de ces nappes et je les aurais de toute fаоn dоnnеѕ. Donc, je vous les ai еnvоуеѕ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Немам никаква потреба од овие прекривки и морав некому да му ги подарам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Посебно во овој момент ми се чини дека овие прекривки, кои го прекриваат столот околу кој се собира семејството за обедите, за мене добива посебно значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Останаа претепани на сретсело попот, кефалијата, старците и жените со ситни деца да ги оплакуваат одведените свои блиски и изгорените домови. He заборави кадијата да ги собере сите здрави и напредни деца од 8-12 години, околу дваесетина, а да му ги подари пак на падишахот во Истанбул, како и оние пред десетина години со Ангелета Сирмев од Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Поклонувајќи му се на дојденикот дури доземи, човекот со разгорештени усни изусти: - Јас еднаш се зареков: Онему што прв ќе стапне во земјата Дардаванија, ќе му ги подарам сите ордени, сите родени и неродени скапоцености ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нагонот го одржуваше дивиот род: волчицата се бореше да ги исхрани малите и да ѝ ги подари на шумата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Никој не ни ги подарил, ниту сме ги нашле фрлени на патишта.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој од нас исполнет со чувство на љубов, среќа, радост што ни ги подари без тронка грижа на совест... јас станувам роб на моите сништа, и доблести...што животот ми го прават како бајка со среќен крај...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Беше донел и нови приказни што ѝ ги подари на Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)