ги (зам.) - погали (гл.)

— Ја праша Толе Ката и посегна да ги погали децата, но овие се завртеа и се скрија зад мајка си.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фимка ги погали чорапите, ги допре со образот небаре сакаше својата топлина преку нив да му ја пренесе на чедото и, свртувајќи се, тивко појде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зракот помина покрај сите, ги погали сите им прошепна нешто убаво и пак се врати кај Славчо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Блесокот на сончевата палавост, така живо тоа утро удираше на прозорецот на кој требаше да има стакло, но поради тоа пак, сонцето можеше лично да ги погали младенците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со својата зборовна звучност, или со својата Божја полнота, тие ги погалуваат сетилата на човекот и смирително и исцелително дејствуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вера одеднаш како да стана нетрпелива, уште еднаш ги погали децата и сите си тргнавме кон дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка Евгенија стана, си ја пристегна под брадата црната вдовичка шамија, ги погали по глава оние што беа најблизу и се оддалечи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За сите одговори Ајша: – Го чекаат добриот кадија да ги погали. – Само да ги погали? – божем ја праша кадијата Ајша и почна со ред лево и десно да ги гали младите жени по бујните коси.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Тогаш, да одиме во Аугартн,“ рече брат ми, и Сара ја затвори книгата и ја остави на својата постела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред да ја отвори книгата, Сара ги погали кориците, на кои беше претставен есенски пејзаж, и кажа дека со години не била во парк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Добро, не може да се наведне и да ги погали со рака ама затоа со ногата ги гали.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа ги имаше научено кога си доаѓаа на сите да им даде по некое залче леб и да ги погали и, сѐ уште, како да ја слушам како им вика: Ајдете, убави на баба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Секогаш кога ќе си дојдеа од работа, јас ќе ги погалев и задолжително ќе им дадев лепче или штогоде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На станување ги погали децата: и Капинка и Здравка и Ѕвездана ги погали, им прошета со прстите по косата и тргна, - Е, да си жив и здрав, му велам, малку ме успокои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Друг бел зајак јаде од една длабока чинија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во детската зоолошка каде што гостите можат да ги погалат животните, еден сив зајак му се искачил на еден бел зајак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јадат и се парат, јадат и се парат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)