ги (зам.) - повика (гл.)

Против решението за определување на рочиштето не е дозволена жалба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, се работи за следното: со изговор дека, доколку се окрупни понудата би се добила повисока цена при продажбата на акциите, директорот ги повикува вработените кои имаат акции да потпишат групно полномошно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот на рочиштето навремено ќе ги повика странките и другите лица чие присуство го смета за потребно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужениот „К. Ќучук“, кој ја изгуби парницата, беше должен на Љ. Х. да му ги исплати 11-те неисплатени плати [од февруари до декември 2008] – што e сума од 48.466 МКД (795 ЕУР) со казнена камата сметана од месец февруари 2009; и плус да уплати придонеси во ФПИО ПЕ Велес за 34 месеци [главно за периодот од 2006-2008] – што, пак, е сума од 109.549 МКД (1.795 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во март 2009, судскиот совет (составен од судијката Л. Димова – претседател и поротниците Љ. Аризанкова и О. Тодоров –  членови) донесе позитивна пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на тужителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
“ Маргина 37 31 Ребека Шнајдер во својата книга „The Explicit Body in Performance“ опишува како женскиот перформанс преку дословната, несимболичка присутност на голо женско тело на сцената ги разоткрива прерогативите на симболите преку коишто телото стои како замена за нешто друго.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога Ани Спринкл ги повикува гледачите низ спекулумот да го погледнат нејзиниот цервикс, тогаш тука станува збор за урушување на симболичкиот простор и за директна закана спрема културното разликување меѓу вистината и илузијата, стварноста и соништата, природното и неприродното, стварното и измисленото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чанга, спроти денот „Д”, ги повика сите козари, ветерани и млади, козари со убиени кози, козари со покани да дојдат во дивиот дел на големиот градски парк, крај реката, со семејствата, да го прослават неговото враќање со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да ги повика да земат оружје в рака?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Орде се врати дури вечерта, малку пред да ги повика дедо Иван на компири.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да не беше Љупчо толку дрзок, можеби директорот не ќе се налутеше и не ќе ги повикаше родителите. Вака сѐ ни тргна лошо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пак кајмакамот ги повика да се предадат, а овие пак одбија со истиот услов — само на конзул ќе се предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но судот, по три месеци откако го дотераа Толета, одреди ден за судење и ги повика, означените свидители во Челебиевиот извештај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За тоа време првиот дојде на три четири чекори до стената и за негова среќа се заврте да ги повика другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Такви се војводите како вас, клечковци — им се навика Толе в лице на сите војводи, па дури и на Петрета Ацев што го кандиса да му се придружи, го дупна коњот и ги повика своите опробани и верни другари уште од арамискиот занает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ви бидеме некој ден и друг пак вам гости, кога Толе ни го откажа своето гостопримство...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Црна срамота ги изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но ќе се нареди и таму. Нема таква сила по велешко како овде, — им го кажа своето мислење Ѓорче и ги повика беловодичани што го доведоа него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војводите останаа замајани од истапот на Толета, се тргнаа настрана под сенката на големата јасика и почна и тие да се препи раат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги допревме ушите до мазното дрво: чувме ѕвецкање на чаши, шум на чекори, еден глас што ги повикува другите да се смират и да сослушаат некаква порака или говор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
По патот, додека ги барав, Среќавав чудни мртви гласови И цветови од отворени рани По кои си играеја непознати букви Што шумно ме исмејуваа "Твоите песни се на плоштадот" Викаа бесрамно буквите "Некој ги повика да бидат пеперуги Па сега ја храни со нив правта".
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За да се избават од гневот народен, поганците отстпија на чифлигот Муслиоски, сам Амди ага, кој отворено прејде на нивна страна, ги повика таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим, седи на чело на трпезата, од кај пенџерето што гледа на југ, на дворот и гумното, го достигнува пагурчето, вели Бог да го прости но не отпива како што носи редот и како што очекуваат другите; вртејќи го низ раце пагурчето претура низ главата и одбира мисли и зборови со кои ќе може да ги натера другите д се согласат со она на кое мисли да ги повика, а пак да изгледа како тие него да го повикале да се согласува со нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нешто длабоко, силно, во татковиот дух се кршеше за да се спојат блоковите време од сиот негов живот, за да завршат во хармоничен глас кој ќе ги повика другите да му се придружат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа ги повикал своите ѕидари на таен состанок и тие се решиле за таласум.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога мајката наеднаш ѝ се свтрува на ќерка си во кулминацијата на крајот од вториот чин, вели Милер, Цинганка предизвикува мошне гаден шок кај геј-гледачот. ‌Театарската или музичката изведба во западното општество не е машко право стекнато со раѓање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажите во нашето општество не ги повикуваат редовно на сцената за да се покажуваат или за да уживаат на очиглед од мешовити публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џон не се согласувал со соопштението, па ги повикал моите претпоставени од управата со својот авторитет да го решат прашањето и, најенергично, апелирал да го откажат предметот и да го тргнат од студиската програма на Катедрата за англиски јазик. ‌Дотука немаше ништо необично во пораката од Џон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека е неизбежна судбина за маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Очињец и Федина беа малку изненадени кога претходниот ден наутро ги повика полковникот Кавињски и им нареди да подготват неколку стотици ќебиња, пијалаци во канти за млеко и многу канчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Капетанот ги повикал властите и им ги изложил своите сомневања174.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И полицијата и средината во која се движеле ги прифатиле како такви и никој од надлежните фактори не се посомневал и не ги повикал на „разговор“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговата шанса дошла во јануари 1901 година, кога биле затворени членовите на ЦК, а X.Николов, кој исто така го очекувал своето апсење, ги повикал И. Гарванов и Спас Мартинов и им ги открил сите врски (шифра, мастило, канали и слично) со Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Што?“ „Што гледаш?“ „Што рече?“ „Не реков ништо.“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 197
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Да, рече.“ „Што гледаш?“ „Еј, не грижи се. Не се препотувај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова му го кажуваш на телефонистот што ќе ги повика цајканите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Речи, „Вешто ракувам со полу-автоматско оружје ---“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве фрагмент од објавата: „Владата ги повикува грижливите чувари на вредните артефакти од стариот театар да ги вратат, за да бидат изложени во старо-новиот театар како експонати и жива врска меѓу стариот и новиот театар“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тромаво и споро ја подигна раката за да ги повика од зад себе и само со два-три збора се разбраа како ќе се поделат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од оваа точка на која се наоѓаа не можеа да видат ништо, требаше да се искачат малку погоре, преку бришаниот простор, поделени, од двете страни на селото, и да се сретнат повторно таму над последните куќи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога еден ден чешмата почнала да се батисува, ги повикал своите браќа, своите внуци, донеле вар, песок, бетон, камења и ја преправиле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден ја видел царот жената, кај си седела в црква, заедно со ќерка си, и пратил луѓе да му ја донесат девојката од сиромашката жена при него, за да ја всили.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Стоката ја водат на поило.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Башмајсторот ги повика сите малтерџии и тие му кажаа сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги повикаа преку здружната разгласна станица во управата на Задругата, нив двајца, него и Дука, а гласот на задружниот курир се изгуби тупо меѓу куќите, приклекнати под тешкиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ги повикам, ќе дојдат, се насладувала на својата надмоќност. - А порано ме проколнуваа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И треварите, уште пред да ги повика да му помогнат, се свртеле од огнот не исправајќи се премногу.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тргни се додека не сум го извлекла секирчето од нарамников. Или сакаш да ги повикам сосеткиве со сукала и со пиралки?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Демнел сепак да зграпчи месо од оган, да загризе кучешки во него со голите непца. Онисифор Мечкојад опцул.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ашлаку неизмиен, рекла. - Кој тебе ќе те пушти да брцаш во мед за да си ги излижеш прстите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можеби ова ви е единствена прилика - велам земајќи си го пасошот и црвенеам заради сопствената ненадејна дрскост, заради неумесноста, заради тонот кој ги повикува на ред сите неупатени во случајот, заради тонот кој ѝ е длабоко туѓ на мојата природа, но ете, се вовлече како вирус во мојот глас.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги повика селаните да му ги направат сите адети, и тие му ги направија: го избричија, го измија, го облекоа во нови алишта, му обуја нови чевли. И го ставија во ковчегот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Морам да испратам низ светот безброј еретички текстови коишто сите понижени и навредени ќе ги повикаат на побуна... Долу со насилството!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Махмуд Дарвиш не му се обраќа во своето пеење само на палестинскиот народ, распнат на четирите страни на светот, туку се обраќа и на меморијата на еврејскиот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој трага по песната- катарза, која ги повикува и едните и другите, во обединувачката меморија, за да запрат масакрите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И затоа, според Татко, таквите личности се појавуваат на стотици години кога народот ги повикува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го развеа знамето на Пророкот во Палатата, ги повика населението и улемите, да го поддржат и ги испрати морнаричките воени единици и на артилеријата да ги совладаат јаничарите во нивните касарни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во текот на Првата пунска војна, Картагинците во нерамноправните борби со Римјаните на помош ги повикале мерценерите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И штотуку есента распослала магли, немало тогаш две сонца вечно лето да е, човекот ги повикал некогашните свои пријатели да повелат малку да се крстат пред неговиот ум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се фати до него не пуштајќи ја Јага, која го влечеше попот а тој пак најде девојки, сестрите на Геле, има мавна со рака, ги повика - и наеднаш се развиори врескав и трепетлив и шарен ред луѓе и жени, веќе не се можеше поинаку: дури и најстарите почувствуваа дека им потскокува срцето во обрачите на ребрата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Инструкторката повторно ги повика во став мирно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Белото езеро се разбудило од сонцевината, звуците на летото ги повикуваат своите деца.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Дедо попот полека, збор по збор чита од Евангелието: - Штом се стемнило Христос ги повикал учениците на определено место.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Пред влезната порта на оградата, попот најпрвин отпеа молитва, штракна со кадилницата пред влезот, се рашири миризба на темјан, мина тој прв низ вратата, а потоа ги повика по него да влезат Цветко и Цветкојца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Генијалноста на Ешер е токму во тоа што успеал да смисли, но и да нацрта десетици полуреални и полумитски светови, исполнети со Чудни Јамки, во кои како да ги повикува гледачите да влезат. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 31 Гедел Во Чудните Јамки кои ги сретнавме кај Ешер и Бах, бесконечното и конечното се во постојан конфликт, што остава парадоксален впечаток.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Спикерот ги повика патниците да пристапат кон пасошка и царинска контрола.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Колобан го забележа и едното и другото и зовре однатре, ама нели тој ги повика, не може да им рече да станат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Станаа и излегоа од кај коџобашијата. И кога требаше да се разделат на портата од Лесната, Колобан ги повика „кај него на визита".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата пак ги повика да дојдат, но децата само плачеа и гледаа во својот постар другар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едно утро, тој ги повикал и му рекол на поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го видат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Започна патетично и како на митинг да ги повикува градителите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Притоа, морам да признаам, настојував да се одбранам и себе си од нејзините суви раце размавтани како прачки додека настојуваше да ме увери дека Стариот треба да ги повика на проштален разговор сите роднини еден по еден?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ што требаше да стори беше да ги повика мајка му и татко му и тие ќе ги промолкнеа своите глави во собата за да видат како му е.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од сонот и лажното спокојство, го разбудува ѕвонењето на шината што ги повикува бегалците да се постројат пред казаните.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Смртта ги повикала таму, несреќницине, никој друг“, се смее тетка ти Сијка и го џвака сак'сот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Залудно жонглерите ги повикуваат највештите мастории, залудно кловновите ги вадат од шарените ракави најсмешните трикови.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повторно ги повика маскираните. Овој пат ги стопи во гејши со набелени лица, врамени во тешки облеки.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Оние кои сфаќаат и кои се со добро срце... можат да ги повикаат моќните енергии во својот живот...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тппрру, стој Сивчо ... – ја запра старецот колата и ги повика со рака: – Качувајте се бргу!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Џуџето излезе само еднаш и ги повика децата. Се стрчавме накај него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сѐ нешто ви се расипува, а татко ти како да нема мајстори - пријатели, чека да се распадне куќата па да ги повика.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Имаме цела екипа од луѓе кои прават сѐ што ние сакаме да направиме. Тие (компјутерската безбедност) ги имаат луѓето со коишто работат и можеби уште два-тројца кои можат да ги повикаат по потреба. А кога мојот мозок работи на нешто 24 часа дневно, а вашиот шест и пол, без да го сметаме ручекот, нормално дека ќе ве надминеме.“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пелагија и Чана се вратија кај масата со разни работи за почестување па ги повикаа децата крај масата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)