ги (зам.) - очекува (гл.)

Како травл, мрежата за ловење риби, ама оние риби во длабоките морски води, ги ловеше опасностите, како травл- бродот за ловење и уништување на морски мини, ама оние опасни животни мини кои ако навреме човекот не ги отстрани можат да се активираат, кога најмалку ги очекува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ние, децата козармаалци, нестрпливо ги очекувавме новите пролетни денови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Останатите присутни муабетат со оправдани насмевки (впрочем, стигаат на време) за времето, изборите, работата што денес ги очекува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А сепак, сопственото јас, иако е вон телото, не може да ги искористи предностите кои ги очекува, и на кои им се надева од оваа состојба.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но сега не ќе можеш повеќе, И другите тоа ги очекува...“ - Хм, има ли потпис? - скокна полјакот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во спротивно, во најдобар случај ние само би спроведувале некоја програма или би се однесувале како “интелигентни” проектили.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите ги очекуваат созна­нијата каде одиме, кон што, каде би требале да се упатиме, како да се поставиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Грдан ја одложи чашката и се подмести за изненадување, иако изненадувањата на Грозда секогаш доаѓаа од онаа страна од која најмалку ги очекуваш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се упати кон шаторите, каде што татко му, доктор Коста и инженерот Александар правеа подготовки за работата што ги очекуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедо Алексо го затекоа сам. Не ги очекуваше посетителите, уште помалку момчето од градот, па отпрвин се збуни, не знаеше што и како да зборува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека трчавме низ сите оние сериозни денови верувајќи дека целта е близу и дека ниту еден чекор не е сторен залудно ние бевме оние кои можеа да ѝ го одредат името на светлината и да ја поведат со себе па и да седнат напладне со неа на сиромашен ручек на тревата во друштво со птиците што стрпливо ги очекуваат своите трошки Така се качувавме кон будните соништа И не знаевме оти овој кревок живот што нè води за рака може да нѝ понуди сè но и да нѝ оспори сè Дури и не помислувавме оти во Кулите на ветената надеж живеат веќе ќерките на нашата тага И дека во растурената градина зад леандрите нè очекуваат цвеќињата на нивните солзи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ги прими пакетите и, колку и нетрпеливо да ги очекуваше, сепак отиде прво да прилегне, при што речиси веднаш зајде во тврд сон, но по нецели петнаесетина минути на сон му се чу како ѕвончето на влезната врата ѕвони со некоја несфатлива алармантност, па се разбуди целиот испотен, недоспан и до преплашеност изненаден дека ѕвонењето на ѕвончето на влезната врата било само сон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ИВАН Мајка ми ми има раскажувано и за трските, долу, во полето, покрај реката, и за тоа дека извишуваат високо благодарејќи на многуте коленца што растат едно по друго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не постоеја таквите патеки зарем ќе ни се среќаваа помислите на она чудно место каде што ги очекува изненаденоста?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие се најглавните приговори што ги очекувам од мнозина од моите сонародници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И иди кажи им на робовите дека до утре сабајле, ако не се одлучат да тргнат, страшна смрт ги очекува!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Луѓето што ги заробујел по други земји, ги држел во темни зандани и се кител со нив покажувајќи дека е силен и дека секој што ше му излезе на патот, истото го чекат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но, имаше време, а имаше и место за да го стори тоа толку споро, и неговото движење да не се разликува ни малку по својата незабележливост од она споро движење на сенката околу дрвото во сончев ден. Така ги очекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле можеше и да ги види. Ги очекуваше целата таа утрина токму на оној срт, а сега ги гледаше како се подаваат од зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но сега е четврток, ова е станицата Шемен Вер, надвор се спушта вечерта, треба нешто да се смисли, можеби дури и не делува премногу неверојатно тоа што во другиот воз, тоа што во четвртиот вагон, тоа што Мари-Клод е на седиштето крај прозорецот, тоа што и самата здогледа и што се исправа испуштајќи крик кој 64 никој освен мене не може да го чуе така среде лице, среде таа трка за да скокнам во преполнетиот воз буткајќи ги патниците што негодуваат, шепотејќи ги извинувањата кои ниту некој ги очекува ниту ги прима, стоејќи наспроти двојната клупа заземена од нозе и чадор и пакети, која ја зазема Мари-Клод со својот сив капут покрај прозорецот, црниот прамен при наглото тргнување н возот малку се затресува како што се тресат и нејзините раце иако се ставени врз бедрата додека го упатуваат тој повик што нема име, кој е само тоа што токму ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова непрекинато настојување за повисоки форми на постоење ги очекува Јужните Словени како нужност и слобода на нивната карактерна преобразба.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А беше тоа рутински напишана телеграма, без душа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност, во телеграмата останав неверен на самиот себе, ги импровизирав компонентите на вообичена средба која не содржеше некакви посебни содржини кои Управата и високото раководство можеше да ги очекуваат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но по долгата расправа само за десет турцизми, тие имаа чувство дека ги очекуваше работа, која ако се одвиваше со досегашното темпо, немаше да заврши и до крајот на нивните животи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше секој од нив да предложи нова стратегија во третирањето на турцизмите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски имаше уште многу податоци од западните извори за јаничарството, но Татко го потсети дека беше време да се задржи на главната цел на нивниот проект: дали во списокот да се задржи овој збор и неговите деривации во балканските јазици, зашто ги очекуваше работа врз уште многу други зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој, сепак, мислеше дека нив ги очекуваа поприоритетни прашања, кои ги актуализираа нивните обединети книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Авни му пренесе на Ниротакис дека сè е во ред, дека расположението кај девојките е одлично и дека во Бар ги очекува Миливоје Бакочевиќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
При излегувањето од Училиштево, ќе ги опфаќа тивка меланхолија, соочени со реалноста што ги очекува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко се облече за да појде со полицајците, агентите, кои ги очекуваше на чардакот за да го земат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаеја: по заминувањето ги очекува онаа иста еднолична, монотона работа во своите воени кабинети и институти, крај своите воени карти со заокружената потесна локација на своите задолженија и проучувања - Балканот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Градот ги очекуваше меките чекори на нивните еластични чизми.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И дека морам да одам бидејќи Катерина ги очекува симидите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред училишната зграда веќе ги очекуваа - директорот Миле и членовите на еколошката секција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Децата ги очекуваат новите радости и пролетните игри, - благо рече капетанот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)