ги (зам.) - осуети (гл.)

Тоа е почеток на процес на обратување и преозначување: тоа е начин да си ја усвоиме сопствената положба, при што конкретната цел е да ја свртиме наопаку или барем да ја свртиме во своја корист.396 Како што веќе забележавме, доминантните општествени улоги и значења не може да се уништат, но може да се подријат и да се дереализираат: возможно е да се научи како да не се сфаќаат направо (стрејт).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во 1931. год. Гедел ги осуети очекувањата на многу еминентни научници, од Хилберт до Расел, со тоа што докажува дека секој систем кој е адекватен и конзистентен мора да е и некомплетен, што значи дека секогаш ќе има вистинити тврдења што можат да се изразат (напишат) но не можат да се докажат - ниту тврдењата ниту нивната негација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Прифаќањето на некоја положба во која сме неминовно сместени не значи нејзино консолидирање, а не значи ни прифаќање на неповолните околности во кои се издигнуваме до претставеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако машката геј-култура ја пригрнува дисквалификацијата на женственоста, тогаш, таа тоа го прави за да ги осуети и за да ги прекине некои од најотровните последици на таа дисквалификација, за геј-мажите, ако не и за жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзината стратегија е да ја презапоседне веќе деградираната женственост и иронично да го редефинира тој деградиран статус, за да го оспори сплетот вредности што се одговорни за неговата деградација, да го разглоби туѓото полагање право на достоинственост, а со тоа и да го израмни теренот на општественото игралиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Врховистичката оружена акција во Македонија ги поттикнала големите сили, особено Русија и Австро-Унгарија како “најзаинтересирани“ за настаните во Македонија, да го забрзаат подготвувањето на реформи надевајќи се дека на таков начин ќе ја смират револуционерната атмосфера во Македонија и ќе ги осуетат бурните настани што биле на повидок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)