ги (зам.) - осветлува (гл.)

Повеќе сакам со остроумни решенија да им го загорчувам животот на непријателите, пандан на Тито и понтонскиот мост преку Неретва, отколку како великиот Тесла да им ги осветлувам патиштата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но ако имавме ние морално право да бараме од претставниците на европските држави во Македонија точно и непристрасно да ги осветлуваат своите влади и европското општествено мнение за работите во Македонија, тогаш наш морален долг беше да сме и ние осветлени за европските интереси во нашата татковина, особено за интересите на балканските државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комитетот се срди зошто конзулите не ги осветлуваат работите како што се.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ореолот на илегалната борба и на граѓанската војна сѐ уште бледо ги осветлуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На средината на таванот гореше газиена ламба која ги осветлуваше, со чудна светлина, лицата на возрасните, та тие ми се причинуваа како светци слегнати од иконостасот на црквата Успение на Пресвета Богородица среде Ново Село.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја немаше нејзината веселост, што постојано ѝ го прекриваше лицето и ѝ ги осветлуваше очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Умножувањето на бројот на ракописите, конкретните и оние кои се исчитуваат посредно меѓу редови, место да ги осветлува настаните од повеќе агли слагајќи роман-мозаик, тоа умножување, меѓутоа, твори наполно нова конструкција на меѓусебно противставени документи кои како позитив и негатив постојано го негираат веќе реченото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И така и би: веќе следниот миг тој ги осветлуваше ѕидовите на одајата и јас знаев дека го бара нечестивиот, фреската негова, сподобието соблазнително и страшно нацртано на сфера, на купола небесна, божја!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сите темни места, во исто време, ти ги осветлува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гордо чекореше пред мене и ми ги осветлуваше и денот, и душата.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Скршнаа кон собата, следени од звукот на бури и громови, а молњите... сини и ужасни... им ги осветлуваа лицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Светлината од огнот трепереше и ги осветлуваше нивните диви лица, проблеснувајќи им во очите портокалови искри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)