ги (зам.) - опседне (гл.)

Во тие пијани деноноќија дојдоа и Ѓупците кои војната ги разбрка; дојдоа одненадеж весели и распеани како да испоскокаа од небото; ја запоседнаа одново широчинката крај езерото, ги запоседнаа местата кои, по некое непишано правило, им припаѓаа и ги сметаа за свои, ги опседнаа казаните, пиеја од ракијата со грсти како вода да пијат од извор, играа и пееја, ги прескокаа огновите што ги палеа, го опкршуваа селото и секакви чуда и ѓаволштини правеа: секому спрема желба му нудеа и му даваа деца: машко, женско, пеленаче, годиначе, тригодишно или кој какво сака; нудеа и девојки и жени за евтини пари; нудеа за привремено или за постојано.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Требаше да се направи една „блиц“ посета - и еден „рапорт“ за сите оние морски одморалишта и летувалишта - хотели, кампови и диви плажи, кои што стотици илјади наши луѓе ги опседнуваат секое лето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Софијанци сè почесто ги опседнуваат магазините за овошје и зеленчук: купуваат и приготвуваат зимноца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)