ги (зам.) - определува (гл.)

Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Немаме потреба да ги определуваме како степени на вертикалата, то ест нема да го мериме нивниот удел во симулацијата, претставувањето и реализацијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тогаш ќе беше во ситуација на оние што ги определуваат принципите но се далеку од тоа да ги засегнат во некаков вид подробностите од нивната примена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со договорот за вработување, односно со колективен договор може да се одредат правата, кои за работниците се поповолни, отколку што ги определува овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со договорот за вработување, односно со колективен договор не може да се определат помали права од правата утврдени со закон, а ако содржат такви одредби, се сметаат за ништовни и се применуваат соодветни одредби од закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако има потреба од склучување нови договори, приоритет ќе имаат 185 поранешните работници кои биле вработени кај должникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Платите и надоместоците на работниците ги определува стечајниот управник во согласност со закон и колективен договор, а врз основа на претходно добиена писмена согласност од стечајниот судија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И се тргна на замрсеноста. Ја спушти оревовата поцрнета плоча во ковчегот од кој ја извади и стана премудар: го запозна минатото, виде дел од иднината, ќе молчи, господ ги определува за видовити, оние што знаат да ги чуваат неговите тајни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
5 Меѓу особено штетните ефекти на популарната култура наводно спаѓаат нејзината емоционална деструктивност (бидејќи гарантира лажно задоволување и делува брутално со својот акцент врз насилството и сексот), интелектуалната деструктивност (зашто нуди евтина и ескапистичка содржина, што ја поткопува способноста на луѓето да се соочат со реалноста) и културната деструктивност (зашто ја ослабнува способноста на луѓето да соработуваат во високата култура).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
6 Секако дека таквиот одговор не е без стапица, бидејќи сведочи за тоа дека дури и поборниците и поборничките на популарната култура не веруваат дека си имаат работа со култура и општествена сила што е вредна да се земе предвид, и што е навистина способна пресудно да влијае на вистинското потврдување и зацврстување на толку опеаните идеали на расна, полова и културна трпеливост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така се воспоставува одредена дихотомија, што ги определува сите натамошни анализи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)