ги (зам.) - опкружува (гл.)

Луксузот што ги опкружува служи само затоа за да ја покаже нивната морална нискост, ситноста среде тоа изобилие.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На крајот постои една категорија која ја нарекувам вансериска и која опфаќа 0,1 % од општеството, а тоа се таканаречените Сератори во кои се сместувам и јас самиот, а нивната главна особина е секојдневно да серат за она што ги опкружува и да мутат вода за да не биде бистра, а од сето тоа да немаат никаков ефект од општеството.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ги опкружуваат Мајсторите со некоја рудиментарна чудесност, како болникави самовили! ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Митре! - молскавично се пресече глас. - Мамооо!!! - Мамооо!! - се развикавме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ритуалниот механизам на интеграцијата и понатаму живее во секуларниот углед што оваа уметност сега го има и го применува, така што низ аурата на “возвишен”, “чист”, “единствен” која ги опкружува делата, а која низ поимот за оригинал продира во временската свест, уметникот е ставен во ранг на суштество слично на бога, а уметничкото дело станува скапоценост.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тие не се, впрочем, далеку од Шницлеровиот микробиолошки вид: тие се како некој различен вид чија виталност и развивање подразбираат уништување на повисокиот свет кој ги опкружува (светот на возрасните).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Земјата стои на стаклени нозе, луѓето чувствуваат несигурност во себе, несигурност во погледот на тие што ги опкружуваат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше една вечер кога се враќаше од планината и уморен седна крај каменливата ограда на мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)