ги (зам.) - оживи (гл.)

Ги воскресна, ги оживеа и ги врати назад во Библијата, во благословената земја нивна, стокмена меѓу редовите на Светото писание, зашто на земјата немаше место за нив, зашто земјата им ја испоганиле лажните богоугодници, милениците на мракот и темнината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нешто потиснато како да се кажуваше тогај на видело да ги оживи тие црти обезличени од пијанството.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Јас би сакал да постои некако спреј, или лек, кој би можел да ги оживи сите драги луѓе, а мене би ме заштитил од умирање, - реков.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога би можел Гојко одново би ги оживел, одново за да ги убие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)