ги (зам.) - оживее (гл.)

Ретроспективата што тој ја замислил предлага пријатна „прошетка“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мешавина од елиптични формули, длабоко нејасни или претерано едноставни, кои се разјаснуваат исклучиво преку набљудување спроти светлоста на париското сонце, бидејќи според мислењето на авторот, делото е ориентирано во правец исток/запад, иако може да се каже дека токму низ тој прозорец низ којшто е претставено делото, Бојс исчезнал во синилото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, овие забелешки не ги оправдуваат оние кои сметаат дека единствено уметни­кот е способен правилно да ги претстави своите творби, да ги оживее и да ги измени низ едно естетско уредување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше сигурно дека Татко сакал да ги оживее, да ги растолкува знаците на овие сиџили во кои претпоставувал дека се крие кодот на идентитетот на неговата мајка, на нејзиното семејство коешто најмногу го одбележа неговиот живот, оној со средиште во цариградското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека колоната бавно се доближуваше до станицата, Татко размислуваше за овој необичен балкански карван кој, еве, на своето со векови одложувано патување, требаше да ги оживее пораките на едно исчезнато време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа се случувало до моето пристигнување, со судбоносниот лист хартија од кој се очекуваше да ги оживее неговите надежи да трага и низ своите веќе одземени сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прекрасно, сине, книгата Духот на законите, во 1734 година, близу сто и повеќе години, ќе ги оживее своите значења за нашата генерација со Мустафа Кемал на чело, првин во гимназиските клупи во Воената гимназија во Битола во 1900 година, а потоа и во Анкара пред прогласувањето на нашата Република Турција...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А имаше моќ тие чудовишта да ги оживее и со сенки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога човек се збогува со близок во својата душевна длабина алхемиски се бори, да ги оживее блиските и далечни спомени, да го поврати изминатото време со саканиот исчезнат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чудниот механизам на разбојот неуморно се движеше, тој се бореше да ги оживее носните песни на смоларите и да биде со нив како тогаш кога левата лопата негова беше она што е - здравје.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Роден и Бурдел не ги оживеале рацете. Тие ги препарирале, ги вкочаниле в камен, в гипс. Сфаќаш ли, оче Симеоне?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И не сакајќи ги оживеав во себе, подвижни и грозни.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И сега, иако бев буден, пред моите очи се обликуваа од ништо или од трешерењето на воздухот суштествата од ноќните соништа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Им се извинуваат и им ги креваат главите. Се обидуваат да ги оживеат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако цивилизираниот човек ги напуштил таквите верувања, некои впечатоци се во состојба повторно да ги оживеат и наизглед дури и да ги потврдат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За спасувањето на колекцијата најголема заслуга имаше Цветан Горски, кој успеа во годините на фашизмот, со блиските на Игора Лозински, да ги спаси драгоцените експонати и по војната да ги оживее во единствен Музеј во светот и на Балканот. Но, тоа не би лесно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со паѓањето на Советскиот блок и распадот на поранешна Југославија, 1990-те повторно ги оживеаја крвавите обиди да се „исколчат“ ексклузивни и неспорни државни територии, како остаток од „големата фикција“ на геополитиката на 19 век, имено „дека сите нации имаат право, ако не и судбина, да владеат во свои национални држави, на своја сопствена територија“.17 Историски гледано, границите долго време имаа улога (и се засноваа) на етнички и религиозни разделници. 16 Во овој поглед постојат значајни разлики помеѓу Азија, од една страна, и Африка и Америка од друга.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Татко, не грижи се. Крилјата можеби несмасно прилегаат, но моиве коски ќе ги зајакнат, мојава крв ќе ги оживее.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, на задоволствата се сеќавам живо, на сите пријатни чувства. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 201
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пребирам по нив по ред, бележејќи го она што повторно можам да го доживеам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можам да си ги доловам фустаните што жените ги носеа на моите забави и звуците што мажите ги испуштаа додека водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знам дека ги искусив сите тие случувања но не можам да ги оживеам во сеќавањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)