ги (зам.) - одржува (гл.)

И ете нѐ сега нас в среда наутро со нашите стомаци залепени за ‘рбетите, измрзнати, живееме по пештери, не пушиме, не пиеме и не правиме ништо, Том. освен што ги одржуваме своите прослави.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ректорот на Универзитетот се огласи со јавно соопштение од името на претседателот и управата, во кое се велеше: „Целосно ги поддржуваме предметот на проф. Халперин и неговата слобода да ги одржува часовите онака како што ги осмислил“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така живееле, суви од иста невојла и плодни како риби, сиромаштијата ги доела на секната цицка и ги одржувала в живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Министерството на љубовта, кое ги одржуваше законитоста и редот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На економиите на многу земји тогаш им беше дозволено да стагнираат, земјата престана да се обработува, инвестиции за обновувавње на опремата не се вложуваа, на големи делови од населението им беше оневозможено да работат, а државната помош ги одржуваше само полуживи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Небаре Бог ги одржуваше овие мајки балкански, подолго во живот отколку нивните рожби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И таа визија ги одржуваше донекаде групите кои имаа корист од секоја историска промена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)