ги (зам.) - одлепи (гл.)

Овојпат на Ема како да ѝ се исцеди сета крв од лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
А тој за момент ги одлепи очите од колоните на весникот за да погледне колку е часот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ема ја послуша и ги одлепи рацете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А тој за момент ги одлепи очите од колоните на весникот за да погледне колку е часот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А тој ги одлепи очите од хартијата и многу сериозно ме погледна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И шопа вино во бокалот, шуми, ко млеко во кобличе. А ние, не знаеме да си ги одлепиме устите. Стоиме така, си го менуваме здивот, дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Третата дама излегува од слаткарница. Ѝ ја бакнувате раката, но таа е ужасно леплива и едвај успевате да ги одлепите усните.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)