ги (зам.) - одделува (гл.)

Идат некои доктури, растрчуваат, ги бележат војниците и ги одделуваат. Ги лачат ко овци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толе зборува и сѐ некако очите од Ката не ги одделува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неумесно и неразумно е да ги одделуваме своите интереси од општобугарските, кога во соединувањето, а не во расцепувањето, е силата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На рибите што ќајата ги одделуваше за санџак-бегот, почна да става по еден засек кај опашката, божем случајно, но, за тој што сака да види - нели јасен знак на поздрав и колнење на верност?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега ќе треба да одговориме на приговорот дека не умесно и е несвоевремено да ги одделуваме нашите интереси од општобугарските, зашто, од една страна, силата била во соединувањето, а од друга, Бугарија направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направела и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Војниците ги откинуваат други војници, влегуваат меѓу нив и ги одделуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)