ги (зам.) - одгледа (гл.)

Објава повеќе драми се случуваат во мигот на обраќање зборовите ги одгледавте но срцето неприпитомливо интимно тера по свое граѓани час е кога мораме да погледнеме во мисловните спреги од нив зависи тежината на зборот климата на подрачјето на душата обновата на смислата младоста граѓани час е да се свртиме еден спроти друг со силата на љубовта во име на огнот допуштам да се размножува симболиката на Дрвото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ами децата? Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И, раскажува, како нејзината ќерка, со сите квалитети во кој спаѓаат оние од кујната и дворот пред куќа, ги знае девојчето ама не вреди... никој веќе не бере гајле за штиркан чаршав што крцка под тебе и икебана од цвеќе собрано од бавча што сама си ги одгледала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие долго другарувале со патеките на недружељубивите сенки и многу добро ги познаваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога снема веќе сила за ништо, Кога откажаа рацете, коските, видот, Кога ги фрли теслата, мистријата, височето, Кога се растури коритцето, Кога престанаа да го викаат на другите да им прави куќи, Кога му пораснаа децата, кога ги одгледа, Кога се растурија кое-каде - Мајсторот почна да ја ѕида својата куќа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ДАСКАЛОВ Можеби си вообразувам но на луѓето што ќе ги одгледа самотијата не им е потребен водич, умеат и самите да втасаат до излезот од тој негостољубив предел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)