ги (зам.) - одврзува (гл.)

Треба да зачекорам од почеток, се сети неочекувано додека ги одврзуваше чевлите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги одврзувам панделките, ги вадам шнолите и тргам со чешелот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеднаш му ги одврзува очите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само вика: јаболкници, круши, сливи, црници, вика и ги преќача присадите, ги одврзува снопчињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги одврзуваат од сливите Ѓенески и ги водат така, избрндавени, извалкани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ќе ги одврзувам, ќе ги преврзувам, ќе ги чешкам по вратот, не знам што правам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата ги одврзуваа шамивчињата од крстовите што ги носеа, а попот пееше: - Благословен бог наш всегда њиње и присно и во веки векови, Амин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото идат и кај мене луѓето. Мажи, дербедари, одат по куќите, ги фаќаат кучињата. Ги врзуваат, ги одврзуваат и ги носат на сретсело.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги одврзувам кравата и магарето и си ги земам децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)